Вести
Руската флота во Црно Море на готовс, издадено предупредување за напад?

Руската флота во Црното Море е на готовс поради предупредување за напад, напиша Карл Билд на неговиот профил на „Твитер“. За оваа информација засега нема официјална информација и потврда од Русија.
Air defence of Russian Black Sea Fleet has declared combat alert. Posturing? Preparation? Deep uncertainty. https://t.co/nQdBRZrHnZ
— Carl Bildt (@carlbildt) April 10, 2018
Некои медиуми пренесуваат дека руското Министерство за одбрана издало наредба борбената готовност на руската флота во Црното Море да се подигне на највисоко ниво и дека е издадено предупредување за евентуален напад откако било забележано дека воени бородови на коалициските сили за Сирија, предводени од САД, Велика Британија и Франција, тргнале кон Сирија.
Според непотврдени информации, до напад би можело да дојде во следните 24 часа. Како што наведуваат странски медиуми, испраќањето воени бродови кон Сирија е реакција на наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума во кој загинаа најмалку 70 луѓе. Западните земји за нападот го обвинија сирискиот режим на чело со Башар ал Асад, кој има поддршка од Русија.
На итна седница Советот за безбедност на Обединетите нации повика на независна истрага, но набргу дојде до вербален судир меѓу амбасадорите на САД и Русија во ОН. Рускиот претставник Василиј Небензја наведе дека Русија е длабоко загрижена од фактот дека некои, како Вашингтон, но и Лондон и Париз кои слепо ги следат САД, се ангажирале против Русија и Сирија без никакво оправдување. Тој рекол дека Русија се соочила со клеветење, санкции, уцени и закани. „Дрско ѝ се закануваат на Русија. Тонот со кој се прави тоа ја премина границата на дозволеното. Дури ни за време на Студената војна немаше вакво безобразно однесување кон Русија“, додал тој.
Небензја потсетил дека Москва ги предупредиле САД на тешки последици доколку изведат напад над сириската влада поради нападот со хемиско оружје, додека американската амбасадорка, Ники Хејли, возврати дека САД ќе одговорат без оглед на тоа дали Советот за безбедност ќе одлучи да делува во врска со нападот или не.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Откриени 12 мигранти во камион ладилник со овошје и зеленчук во Белгија

Белгиската полиција синоќа објави дека открила 12 мигранти скриени меѓу овошје и зеленчук во камион ладилник.
Mигрантите, од кои 11 сириски државјани и еден од Судан, биле пронајдени во вторникот вечерта во добра здравствена состојба.
Полицијата ја повикал возачот на камион кој се сомневал дека има скриени луѓе во возилото. Мигрантите биле откриени на патот што ги поврзува белгискиот град Антверп со Холандија.
Полицијата не соопшти каде оделе мигрантите.
Минатата недела во камион ладилник во Велика Британија беа откриени 39 тела на мигранти што смрзнале до смрт.
Вести
(Видео) Големи пожари во Калифорнија, наредена итна евакуација

Властите во Калифорнија наредија евакуација на неколку стотици луѓе од населбата Гејзервил, северно од Сан Франциско, поради големите шумски пожар во округот Сонома. Американските медиуми објавија дека 200.000 луѓе останале без електрична енергија.
Fire danger continues to be high. 10,000 acres and growing in #sonomacounty Evacuations in place for many areas. @sonomasheriff is a good source for information. Video: @kentphotos #news #california #wildfire #firefighters pic.twitter.com/VXmvLWG5He
— Southern Marin Fire (@SMFDinfo) October 24, 2019
Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија соопшти дека пожарот, кој се шири поради силните ветрови, досега има зафатено површина од речиси 10.000 акри.
Шерифот на округот Сонома нареди задолжителна евакуација за Гејзервил, во која живеат околу 900 луѓе.
Метеорологот Марк Шенард изјави дека ветерот ќе достигне најголема брзина во текот на вечерта и ќе продолжи утре. Тој предупреди дека Северна Калифорнија ќе ја погодат ветрови со брзина до 72 километра, кои нема да ослабат и за време на викендот.
Вести
(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.
Протестите избувнаа поради незадоволството од поскапувањето на јавниот превоз во градот, а демонстрантите подметнале пожари во неколку метро станици, извршиле грабежи во повеќе продавници и запалиле градски автобус.
Во своето обраќање до нацијата, Пинера рече дека прогласува вонредна состојба во две провинции и две општини во поширокиот регион на Сантијаго заради сериозни и повторени напади на метрото, напади врз јавен и приватен имот како и за зачувување на безбедноста на граѓаните.
Претседателот на Чиле најави дека во наредните денови Владата ќе повика на дијалог со цел ублажување на последиците од поскапувањето на јавниот превоз за најсиромашните.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци