Свет
Руската православна црква: Подготвени сме за нова средба со папата
Руската православна црква изрази подготвеност за нова средба меѓу патријархот Кирил и папата Франциско и покрај дипломатските тензии во врска со војната во Украина, јавуваат светските агенции.
На вториот ден од посетата на Казахстан, каде што се одржува меѓурелигиски конгрес, но без Кирил, кој ја поддржува руската офанзива против Украина, светиот отец ја осуди суровата и варварска агресија притоа обидувајќи се да го одржи отворен дијалогот со Москва.
Висок православен функционер изрази жалење што Светата столица ја откажа средбата меѓу Кирил и Франциско, што беше закажана за јуни во Ерусалим.
На вториот ден од престојот во Казахстан, Френциско се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, состанок на кој се собираат христијаните, Евреите, муслиманите, будистите, хиндусите и другите верници и рече дека Бог не поддржува војна.
„Бог е мир. Тој секогаш нѐ води по патот на мирот, никогаш по патот на војната“, рече папата.
Тој претходно оваа година изјави дека Кирил не може да биде министер на рускиот претседател Владимир Путин, а на конференцијата рече: „Светото никогаш не смее да биде поддршка на моќта, ниту моќта поддршка на светото!“
Кирил со ентузијазам ја поддржа руската инвазија на Украина, која патријархот ја гледа како бедем против Западот, кој тој го нарекува декадентен. Неговиот став предизвика раздор со Ватикан и предизвика внатрешен бунт што доведе до прекин на врските меѓу некои локални православни цркви и Руската православна црква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos

