Свет
Одржана генерална проба на воената парада во Москва
Руските војници се собраа денес на Црвениот плоштад во Москва на генерална проба по повод воената парада за Денот на победата.
Русија в недела, на 9 мај, ќе ја прослави 76-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

На воената парада ќе учествуваат повеќе од 12.000 војници.
Парадата, која се одржува секоја година на 9 мај, ја означува советската победа во Втората светска војна или Големата патриотска војна, како што вообичаено се нарекува во земјата.
Покрај нејзината историска симболика, воената парада ѝ овозможува на Русија да ја покаже својата воена моќ и најновите достигнувања во одбранбената технологија.
Кремљ порано ги канеше странските лидери да присуствуваат на парадата, но годинава се откажа од традицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

