Свет
Руските специјалци спречија масовни убиства
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи масовни убиства во неколку руски региони.
Уапсени се 13 лица, кои подготвувале напад врз образовни институции, полициски згради и други фреквентни места, се вели во извештајот на специјалната служба, што го пренесе „Спутник“.
„Во неколку региони беа уапсени 13 руски државјани, кои планираа масовни убиства со употреба на импровизирани експлозивни направи, запаливи смеси, ладно оружје, а исто така ги наговарале корисниците на интернет да извршат такви злосторства. 11 од нив се членови на затворена интернет-група на една социјална мрежа“, се наведува во соопштението.
Меѓу уапсените се пронајдени упатства за производство на запаливи и експлозивни направи, шеми на напади врз образовни институции, полициски згради и фреквентни места за сообраќај, се нагласува во соопштението.
Членовите на ФСБ кај криминалците пронашле четири готови импровизирани бомби, делови за нивно склопување, како и ловечко и ладно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

