Свет
Руски дипломат: Американската воена интервенција во Венецуела може да стане реалност
Користењето воена сила од страна на Вашингтон против Каракас може да биде вистинско сценарио, а не само апстракција, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.
„Секојдневно и сè почесто слушаме од САД дека против Венецуела може да се искористи воено сценарио”, рече Захарова.
Во овој контекст, таа го критикуваше неодамнешното интервју на адмиралот Фолер, кој ја предводи Јужната команда на САД, за „Форин полиси“.
„Неговиот строг и агресивен тон уште еднаш ги потврдува нашите стравови дека американската воена операција во Венецуела не е само апстракција, туку реалност, што Вашингтон ја признава”, истакна Захарова.
Во своето интервју, Фолер рече дека војската е на готовс и чека инструкции од администрацијата на Доналд Трамп за воена интервенција во Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

