Свет
Руски лекар: Постарите луѓе подобро ја поднесуваат вакцината против Ковид-19
Постарите луѓе подобро ја поднесуваат вакцината против коронавирусот отколку помладите, рече главната докторка геријатар во руското Министерство за здравство, Олга Ткачева.
Таа за „Росискаја газета“ изјави дека поблагите ефекти од вакцинацијата врз постарите лица се објаснуваат со спецификите на човечкиот имунолошки систем во разни возрасни групи.
„Имунолошкиот систем на младата личност веднаш реагира на туѓиот протеин и почнува да се бори против него. Со текот на годините имунолошкиот систем ја губи оваа резерва и затоа веќе не покажува толку прекумерна реакција и вакцинацијата подобро се поднесува“, рече Ткачева.
Таа додаде дека во секој случај заштитни антитела се развиваат и кај постарите лица по вакцинирањето и покрај помалку активниот имунолошки одговор, пренесува агенцијата ТАСС.
„Студија за вакцината ’спутник В’ покажа ефикасност од 91 процент кај постарите лица. Тоа е добар резултат што покажува сигурна заштита“, рече Ткачева.
Таа рече дека досега околу 90 проценти од луѓето што живеат во домовите за стари лица во Москва биле вакцинирани против коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

