Свет
Руското Министерство за одбрана го обвини Израел за нападот поради кој во Сирија беше соборен руски авион
Руската војска соопшти дека израелски напад врз Сирија предизвикал синџир на настани што довеле до тоа рускиот авион Ил-20 да биде погоден од сириската ракета земја-воздух С-200, пренесува „Спутник“. Москва го задржува правото соодветно да одговори.
Во понеделникот вечерта четири израелски борбени авиони Ф-16 нападнале цели во Латакија доаѓајќи од Медитеранот, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана . Израелските воени авиони летале ниско и создале опасна ситуација за другите авиони и бродови во регионот, се вели во соопштението. Руската армија соопшти дека француската морнаричка фрегата „Оверњ”, како и рускиот авион Ил-20, биле во областа за време на израелската операција.
„Израелските пилоти го искористиле рускиот авион како заштита и го поставиле како цел за сириските сили за воздушна одбрана. Како последица на тоа, Ил-20, кој има радарски пресек многу поголем од Ф-16, бил соборен од ракетен систем С-200 “, се вели во соопштението, во кое се додава дека притоа загинале 15 руски војници.
Руското Министерство соопшти дека Израелците сигурно знаеле дека во областа бил присутен руски авион, но тоа не ги спречило да извршат провокација. Освен тоа, Израел не ја предупредил Русија однапред за планираната операција. Предупредувањето било издадено само една минута пред почетокот на нападот, па рускиот авион немал време да се премести во безбедна зона, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

