Контакт

Свет

САД воведоа забрана за 16 лица од Саудиска Арабија поради убиството на Кашоги

Објавено пред

Стејт департментот им изрече забрана на 16 лица од Саудиска Арабија да влезат во САД поради нивна поврзаност со убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Кашоги.

„Во случаи кога државниот секретар има веродостојни информации дека службениците на странски влади се вклучени во значајна корупција или груби повреди на човековите права, на овие лица и нивните членови на потесното семејство не им се дозволува влез во САД“, се вели во изјавата.

Кашоги, кој имаше американско државјанство и беше крититачар на саудискиот принц Мохамед бин Салман, беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

Ваквата одлука на Стејт департментот следува по притворањето во Кралството Саудиска Арабија од најмалку 10 лица поврзани со застапниците на правата на жените. Стејт департментот потврди дека меѓу уапсените има и двајца американски државјани.

Меѓу оние на кои им е забрането да влезат во САД е и Сауд ал-Кахтани, советник на Бин Салман, кој е осомничен од ЦИА дека го организирал убиството на Кашоги.

Свет

Во Иран 415 починати од коронавирус за еден ден

Објавено пред

Во Иран се пријавени 415 смртни случаи од коронавирус, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи од последиците од инфекцијата се зголеми на 33.714, пренесува „Ројтерс“.

Во претходните 24 часа биле регистрирани 6.824 новозаболени лица, односно вкупно 558.648 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Пациент во БиХ преживеал клиничка смрт и по 93 дена го победил коронавирусот

Објавено пред

Педесетгодишниот Златко Анѓелиќ од Кисељак оздравел од Ковид-19 по 93 дена минати во болница, од кои 27 бил приклучен на апарати за дишење, а преживеал и клиничка смрт, објави Федералната телевизија на БиХ цитирајќи лекари дека станува збор за надминување на човечките граници во борбата против опасниот вирус.

Иако со тежок и несигурен чекор поради физичка слабост, 50-годишниот Анѓелиќ со насмевка на лицето ја напуштил болницата во Нова Била, придружуван од семејството.

Во изјава за Федералната телевизија (ФТВ) тој рекол дека погрешил затоа што во јуни многу доцна се пријавил кај лекарите.

„За жал, мислам дека сите ќе мора да ја поминат короната, но мојот совет е да не чекате никого, ниту да слушате некого, туку веднаш уште при првиот симптом да се обратите кај лекар“. Тој ги повика луѓето да бидат одговорни, да се придржуваат до мерките и да го чуваат своето здравје.

Анѓелиќ поминал повеќе од три месеци во болници, неколкупати бил ставен и исклучуван од респиратор, а преживеал и клиничка смрт.

„Може да се каже дека Златко помести некои стандарди. Сите можни компликации што можеше да ги развие некој на респиратор беа присутни кај него“, рече шефот на анестезија во болницата во Нова Била, доктор Марко Андрошевиќ.

Прикажи повеќе...

Европа

Вирус меѓу музичарите во миланската „Скала“, затворени два театра

Објавено пред

Според весникот „Ил Фато Котидијано“, 21 музичар на познатиот милански театар „Ла Скала“ биле заразени со коронавирус, а инфекцијата се шири и меѓу уметниците на еднакво познатиот неаполски театар „Сан Карло“, каде што 12 уметници биле позитивни на Ковид-19.

Двата театра се затворени, просториите се дезинфицирани, а претходно закажаните концерти се откажани.

Новите построги мерки на италијанската влада за спречување на ширењето на Ковид-19 влијаат на голем број уметници чии синдикати најавуваат протест во Италија на 30 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија18 минути

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице кое било во контакт со министерот за...

Македонија32 минути

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија1 час

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија1 час

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија2 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет3 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија4 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет4 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија6 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет6 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет6 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет6 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа6 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет17 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија17 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа19 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија20 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија21 час

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија21 час

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Досие