Свет
САД остро ја обвинија Турција за поттикнување на тензиите во источен Медитеран
САД соопштија дека силно ја осудуваат најавата на Турција дека ќе испрати брод за сеизмички испитувања во источен Медитеран.
САД ја обвинуваат Анкара за поттикнување тензии во регионот и намерно комплицирање на продолжување на преговорите со Грција.
„Присила, закани, заплашувања и воени дејства нема да ги решат тензиите во источниот дел на Медитеранот“, рече портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус, пренесува „Ројтерс“.
Стејт департментот ја повика Турција да престане со оваа пресметана провокација и веднаш да започне прелиминарни разговори со Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.
Свет
Полициски автомобил удри во лимузината на новозеландскиот премиер
Полициски автомобил удри во задниот дел на лимузината во која се наоѓаа премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксан и министерот за финансии Никола Вилис, но никој не е повреден, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила вчера попладне на главниот пат кој води до аеродромот во Велингтон и седиштето на парламентот, пишува ABC News.
Полицијата започна истрага за несреќата.
Одделението за управување со службени возила соопшти дека е оштетен задниот дел од лимузината.
Луксан за новинарите изјави дека несреќата малку го изненадила, но дека е добро.