Свет
САД: Турците распоредуваат сириски платеници во Нагорно-Карабах, нивната плата изнесува 2.000 долари
Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах, тврди „Волстрит џурнал“.
Весникот цитира извори што учествуваат во испраќањето сириски борци.
Во извештајот на „Волстрит џурнал“ се наведува дека стотици платеници од сириските вооружени фракции блиски до Турција се вклучиле во борбите меѓу Азербејџан и Ерменија и дека стотици други се подготвуваат да заминат на фронтот во Нагорно-Карабах.
Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно-Карабах, тврди „Волстрит џурнал“.
Според информации од извор поврзан со сириските вооружени фракции поддржани од Анкара, досега се убиени речиси 200 сириски борци, па многумина се обидуваат да се вратат во Сирија, пренесува ТАСС.
Истиот извор наведува дека сириските платеници се согласуваат да се борат за плата од речиси 2 илјади американски долари, но дека бројот на жртви меѓу нив се зголемува.
Цитирајќи информации од Министерството за одбрана на САД, „Волстрит џурнал“ тврди дека Турција веќе испратила речиси 5.000 платеници од Сирија и во Либија.
Анкара ги отфрли обвинувањата дека испраќа платеници во Нагорно-Карабах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.
„За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, рече Лавров.
Потоа додаде: „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“.
Лавров потсети дека таковиот став јавно го искажал неколку пати рускиот претседател Владимир Путин.
Шефот на руската држава претходно објави дека во случај на напад со западно оружје со долг дострел длабоко на територијата на Руската Федерација, ќе следи одговор.
Свет
Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во соопштение објавено денес.
Во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС, Лавров, исто така, ја повика Јапонија да „размисли внимателно“ за она што го опиша како пат кон милитаризација.
Depositphotos
Свет
Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида
Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида.
Зеленски одржал видеоконсултации со лидери на повеќе европски земји, Канада, како и со високи претставници на Европска унија и НАТО. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порачаа дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, ниту во војна, ниту во мир, ниту во обновата.
ЕУ најави продолжување на притисокот врз Русија преку санкции и поддршка за европскиот пат на Украина. Европските лидери истакнаа дека ќе продолжат тесно да соработуваат со САД за постигнување праведен и траен мир.
Зеленски изјави дека на средбата со Трамп ќе ги истакне „црвените линии“ на Украина, нагласувајќи дека нема да прифати капитулација или мир диктиран од Москва. Тој најави разговори за мировен план во 20 точки, при што безбедносните гаранции ќе бидат клучни.
Украинскиот претседател побара дополнителни противвоздушни системи и проектили, нагласувајќи дека Русија секојдневно извршува напади и не покажува интерес за мир. Тој додаде дека за повоената обнова на Украина ќе бидат потребни средства до 800 милијарди долари.
Русија не учествува во разговорите во Палм Бич, а Зеленски истакна дека траен мир не е можен без договор со Москва.

