Свет
САД: Турција наскоро ќе изврши инвазија на северна Сирија

Белата куќа соопшти дека Турција наскоро ќе изврши инвазија на северна Сирија, предизвикувајќи стравувања дека целта ќе бидат курдските борци што се сојузници на САД во долгогодишната битка против терористичката Исламска држава.
Со месеци турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заканува дека ќе изврши воен напад врз курдските сили во северна Сирија, за кои турската влада смета дека голем дел од нив се терористи. Турција е незадоволна што не е постигнат договор со САД за создавање безбедносна зона по должината на границата на двете земји.
Курдските сили го сносат товарот на борбата предводена од САД против милитантите на Исламска држава, па американските републиканци и демократите предупредуваат дека овозможувањето таков напад ќе испрати „загрижувачка порака до американските сојузници ширум светот“, пренесува АП.
Американските трупи „нема да поддржат или да бидат вклучени во операцијата“ и „повеќе нема да бидат во непосредна област“ во северна Сирија, изјави портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.
Според агенцијата, не е јасно дали тоа значи дека Соединетите Држави ќе ги повлечат своите трупи од северна Сирија.
Најавата следуваше по телефонскиот разговор на претседателот Доналд Трамп и Ердоган, соопшти Вашингтон.
Белата куќа исто така соопшти дека Турција ќе ги преземе странските борци заробени во кампањата на САД против Исламската држава што ја водат курдските сили.
Се вели дека станува збор за 2.500 странски борци кои се претежно европски граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.