Свет
САД ја отворија Амбасадата во Ерусалим
Американската Амбасада во Ерусалим беше отворена и покрај смртоносните судири во Појасот Газа.
Церемонијата за преместување на Амбасадата почна со химната на САД, по што американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, одржа говор. Присутните ракоплескаа при споменувањето на името на американскиот претседател, Доналд Трамп, и локацијата на амбасадата – Ерусалим, Израел, пишува „АФП“.

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, ја предводеше делегацијата, меѓу кои и ќерката на Трамп, Иванка, како и нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, кои имаат високи позиции во Белата куќа. На церемонијата присуствуваа околу 800 луѓе.

Претходно, крвави судири го опфатија Појасот Газа, при што според последните информации, загинаа 52 Палестинци, а илјадници се повредени, што претставува најкрвавиот ден од почетокот на протестите на 30 март.

Десетици илјади луѓе се собраа во близина на границата во знак на протест, а мала група демонстранти почнаа да фрлаат камења и да се приближуваат до оградата, пришто снајперистите од израелската страна отворија оган.

Статусот на Ерусалим е најголемиот проблем во израелско-палестинскиот конфликт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

