Контакт

Свет

Салвини до Московици: „Измиј си ја устата пред да ја навредуваш Италија!“

Објавено пред

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини жестоко го нападна економскиот претставник на ЕУ, Пјер Московици, велејќи му да си ја измие устата, по забелешката на Московици за ширењето на „малите Мусолини” низ Европа, пренесува „Раша тудеј“.

Московици, кој е еврокомесар за економски и финансиски прашања, изрази стравување поради подемот на десничарските сили во некои земји, споредувајќи ја ситуацијата со времето на Втората светска војна.

„За среќа нема звук на строев марш, нема Хитлер, но можеби има мали Мусолини. Тоа останува да се види”, изјави тој во Париз во четвртокот.

Забелешката не наиде на добар прием во Рим, од каде вицепремиерот и лидер на антимигрантската евроскептична „Северна лига“, жестоко му возврати.

„Тој треба да ја измие устата пред да ги навредува Италија, Италијанците и нивната легитимна влада”, рече Салвини.

Тој, исто така, ја советуваше Франција, татковината на Московици, да ги разгледа сопствените дела, како  бомбардирањето на Либија, наместо да ја критикува италијанската мигрантска политика.

Бесниот одговор беше објавен од партијата на Салвини заедно со сатирична слика на Московици додека го бакнува шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Париз и Рим неодамна ги вкрстија сабјите околу имиграцијата. Кон крајот на август, Салвини го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан, гласен критичар на ЕУ за справувањето со мигрантските прашања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нови апсења во Турција

Објавено пред

Од

Турските власти наредија апсења на 61 припадник на турската армија, вклучително и високи офицери, осомничени дека се поврзани со свештеникот Фетула Гулен, кого Турција го обвинува за неуспешниот пуч кој се случи во 2016 година.

До сега илјадници луѓе се уапсени под сомнение дека се поврзани со него и биле дел од државниот удар во земјата.

Осумнаесет од воените офицери за кои се издаваат налози за апсење се активно вклучени во воената служба, објави турската агенција „Анадолија“.

Налози за апсење биле издадени против 13 мајори и 12 капетани на силите и 24 први поручници од турската морнарица.

Во одделна операција, властите во Тузла објавија дека уапсиле 21 лице за користење шифрирани пораки на социјалните мрежи кој се поврзуваат со Фатула Гулен, кој живее во САД, пишува „РашаТудеј“.

Прикажи повеќе...

Свет

Куба сака цивилизиран однос со САД

Објавено пред

Од

Кубанската влада сака „цивилизиран” однос со САД, и покрај ембаргото наметнато во 1962 година, изјави во неделата кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

Во изјавата за кубанските новинари претседателот по пристигнувањето во Њујорк, Дијаз-Канел рече дека во својот говор пред Генералното собрание на ОН ќе го осуди трговското, економското и финансиското ембарго на Вашингтон, „кое не успеа, и така ќе биде и понатаму”.

Хавана сака со САД „цивилизиран однос и покрај идеолошките разлики”, додаде тој. Но, владата на претседателот на Доналд Трамп, која сериозно го кочи зближувањето договорено на крајот од 2014 година, е “администрација со која е тешко да се воспостави рамноправен однос”.

Неговиот говор, закажан за 26 септември, 58 години по првиот говор на Фидел Кастро на истата говорница,ќе биде прв говор пред меѓународната заедница на кубанскиот претседател кој на 19 април ги наследи браќата Фидел и Раул Кастро.

Генералното собрание на ОН ќе гласа за еден месец за резолуцијата, необврзувачка, која повикува на ставање крај на ембаргото, како и секоја година од 1991 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Жалам поради спорот, но сега е време за проблемите на граѓаните

Објавено пред

Од

Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска соопшти дека жали поради последниот спор во нејзината коалициска влада, но истакна дека е време да се фокусираат на проблемите на граѓаните.

„Јас премногу бев фокусирана на функционалноста и процесите во Министерството за внатрешни работи, а недоволно на она што со право ги поттикнува луѓето кога ќе слушнат за нечиј напредок. Многу ми е жал што дозволивме тоа да се случи. Сега е време да ги решиме проблемите на луѓето“, изјави германската канцеларка.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија53 минути

ДУИ во 2013 година забележале дека на Влада, ВМРО-ДПМНЕ „протнало” 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник” меѓу екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за...

Свет2 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија2 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ3 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести3 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа3 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура22 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија23 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија24 часа

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Култура2 дена

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Досие