Свет
Сателитски снимки од нуклеарна централа покажуваат дека Северна Кореја го зголемува производството на плутониум
Некои сателитски снимки сугерираат дека Северна Кореја можеби се обидува да произведе повеќе плутониум за атомско оружје во својата главна нуклеарна централа откако лидерот Ким Џонг-ун во јануари вети дека ќе ги зголеми активностите во таа област, пренесува АП.
Агенцијата наведува дека американската интернет-страница „38 норт“, која ги следи настаните во Северна Кореја, објави дека снимките од нуклеарниот комплекс во Јонгбијон покажуваат дека електраната на јаглен во овој објект работи по приближно двегодишна пауза.
Тој рече дека ова може да сугерира дека во тек се подготовки за обработка на плутониум потребен за нуклеарното оружје на Северна Кореја, но дека тоа исто така може да значи дека централата се подготвува само за ракување со радиоактивен отпад.
Претходно, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, потврди дека некои нуклеарни централи во Северна Кореја продолжуваат да работат, што е очигледна повреда на важечките резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Plutonium is one of the two key ingredients to build nuclear weapons along with highly enriched uranium. NKorea’s Yongbyon complex, north of the capital city of Pyongyang, has facilities to produce both ingredients. https://t.co/AFi7CBShF7
— Hyung-jin Kim 김형진 (@hyungjin1972) March 4, 2021
Плутониумот е една од двете клучни состојки за изградба на нуклеарно оружје заедно со високо збогатен ураниум.
Комплексот Јонгбијонг, северно од главниот град Пјонгјанг, има погони за производство на обете компоненти, но не е познато колку досега е произведено во овој комплекс и каде се складира, според агенцијата.
„Ројтерс“ известува дека во јануари Ким ветил оти ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал и обелоденил низа високотехнолошки системи за оружје насочени против САД, со порака дека судбината на билатералните односи меѓу двете земји зависи од тоа дали Вашингтон ја повлекува својата непријателска политика кон Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

