Свет
Саудиска Арабија ги забрани зборовите слугинка и слуга во огласите за работа

Саудиското Министерство за трговија соопшти дека од оваа недела работодавците треба да бараат „работници“ наместо „слуга/слугинка“, објави „Нејшнел“.
Новата директива е дел од низата реформи на контроверзниот спонзорски систем кафала, кој долго време управуваше со животот на мигрантите во кралството. Системот бара странските работници да бидат спонзорирани од нивните работодавци и беше критикуван од групите за човекови права затоа што им дозволува на работодавците да ги експлоатираат работниците и да го контролираат нивното движење.
Речиси 10 милиони странски државјани работат во Саудиска Арабија. Околу 3,7 милиони се вработени како домашни помошници, работа што рутински е поврзана со злоупотреба во голем дел од Заливот.
Претходно годинава, една Саудијка беше осудена на смрт поради убиство на својата домашна помошничка од Бангладеш. Пресудата беше ретко признание за злоупотребата на мигрантските работници во кралството. Оттогаш Ријад воведе голем број реформи во системот кафала.
Работниците мигранти сега ќе може да ги менуваат работните места по истекот на нивниот договор, без дозвола на нивниот работодавец. Исто така, од нив нема да се бара дозвола од нивниот работодавец за патување.
Сепак, системот не е целосно укинат, па работниците мигранти сè уште остануваат врзани за своите работодавци – или кафил – преку визите за работа и престој оставајќи ги ранливи на злоупотреба, според групите за човекови права.
Саудиските власти во моментот проучуваат систем што би ги обесштетил Саудијците ако домашниот помошник што го вработиле ненадејно и ненајавено им замине, се вели во неодамнешниот извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Египет: Автобус удри во камион и изгоре, при што загинаа 20 лица

Во судир меѓу автобус и камион на автопатот во областа Асијут во Египет загинаа 20 лица, а три лица беа повредени, соопшти денеска Министерството за здравство на Египет.
Автобус со патници од Каиро доцна синоќа удри во камион натоварен со бетон, кој запрел поради дефект на пустинскиот дел од автопатот во Горен Египет, во областа Асијут, оддалечен околу 370 километри од главниот град, пренесува „Ројтерс“.
Во соопштението на локалните власти се наведува дека автобусот изгорел кратко по судирот, како и дека спасувачите одвај ги извлекле телата на загинатите и повредените.
На местото на настанот пристигнале 36 возила на брза помош, соопшти Министерството за здравство.
Европа
По скандалот „софагејт“, Чарлс Мишел најави подобрен распоред на седење

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, претстави план за подобрување на распоредот за седење и за еднакво право на говор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на меѓународните посети, во светло на инцидентот познат како „софагејт“.
За време на неговата прва средба со фон дер Лајен по инцидентот од минатата недела, на приемот кај турскиот претседател Таип Ердоган, Мишел повикал на заедничко разбирање во однос на билатералните самити на кои учествуваат двајцата претседатели, пренесува весникот „Политико“, кој имал увид во документот презентиран од Мишел.
Текстот на документот ветува дека поголемо внимание ќе се посвети на распоредот на места за седење, со цел да се обезбеди достоинствен третман на двајцата претседатели, почитувајќи го протоколарниот ред.
Протоколарните оддели на двете институции се исто така поканети да бидат вклучени во подготовката на состаноците.
Мишел и фон дер Лајен вчера се појавија пред политичките лидери во Европскиот парламент за да разговараат за скандалот со седењето.
Според парламентарните власти, Мишел неколку пати се извинил за своето однесување во Анкара, додека Фон дер Лајен изразила непријатност.
Европа
Крамп-Каренбауер: НАТО и Украина нема да учествуваат во играта со Русија

Со зголемување на военото присуство на границата со Украина, Русија ја тестира реакцијата на другите земји на ваквите активности, смета германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.
„Руската страна прави се за да предизвика реакција, а ние, заедно со Украина, не сакаме да учествуваме во таа игра“, рече министерката за телевизијата АРД.
Таа изрази надеж дека нема да има понатамошна ескалација на тој конфликт и посочи дека НАТО ќе дејствува разумно, за што ги повика и другите земји.
„Украина досега реагираше мудро. Ние во Алијансата ќе го сториме истото “, рече таа.
Зборувајќи за претходната најава дека повеќе од десет бродови на руската касписка флота ќе преминат во Црното Море како дел од инспекцијата, германската министерка рече дека, доколку официјална Москва ги изврши вежбите, тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди.
„Ако сè е како што вели руската страна, тоа е вежба, тогаш се пропишани меѓународни правила во согласност со кои се формира транспарентност и доверба“, додаде таа.
Претходно, САД и европските земји изразија загриженост за движењето на руските сили во близина на границата со Украина.
Ставот на Москва е дека преместувањето на руската армија на територијата на Русија не треба да ги загрижува другите земји, бидејќи тоа не ги загрозува на кој било начин.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш