Контакт

Свет

Северна Кореја се заканува со прекин на дијалогот со САД

Објавено пред

Северна Кореја се закани дека ќе стави крај на дијалогот со САД кога американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео, изјави дека едвај чека разговорите повторно да почнат.

„Слушајќи ги комичните изјави на Мајк Помпео, ни дојде до тоа да ја отфрлиме секоја надеж за обновување на дијалогот“, рече севернокорејски претставник задолжен за преговорите.

„Ќе си направиме сопствен пат“, додал неименуваниот официјален претставник за државната новинска агенција КЦНА.

Минатата недела американскиот дипломат ја повика меѓународната заедница да остане одлучна во примената на дипломатски и економски санкции поради севернокорејската програма за балистички ракети, истовремено повикувајќи на враќање на разговорите.

Аналитичарите велат дека Пјонгјанг и покрај осудите и санкциите од меѓународната заедница, ги пополнува своите воени капацитети малку по малку. Пјонгјанг во понеделникот го тестира таканаречениот суперголем ракетен фрлач, а еден ден претходно лансира две балистички ракети со краток дострел во Јапонското Море.

 

Свет

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Објавено пред

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана.

Ова на американската агенција АП ѝ го соопштија двајца полицајци кои беа на местото на настанот, а се додава и дека полицијата го блокирала целиот простор околу кулата со автомобили и ленти, но и мостот што води преку реката Сена до плоштадот Трокадеро.

Во областа може да се видат некои туристи, но засега не е познато дали некој од нив сè уште е во Ајфеловата кула.

Пред пандемијата на коронавирусот, кулата, изградена пред 131 година, ја посетувале 25.000 туристи на ден, а сега тој број е многу помал. Кулата беше затворена на почетокот на пандемијата, а пред тоа беше затворена само повремено, претежно кога поединци се закануваа со самоубиство, бомби или поради штрајк на вработените.

Прикажи повеќе...

Свет

Хајко Мас во карантин

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има Ковид-19.

Иако првиот тест на министерот покажа дека Мас е негативен, тој ја откажа планираната посета на Јордан, се наведува во соопштението на германското министерство, пренесува „Ројтерс“.

„Министерот за надворешни работи, Мас, беше ставен во карантин бидејќи член на неговото обезбедување беше заразен со Ковид-19“, се додава во соопштението.

Веста за Мас следуваше само еден ден по одложувањето на средбата на лидерите на ЕУ бидејќи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е во карантин поради контакт со лице заразено од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Курц: Планот за задолжителна распределба на азилантите во ЕУ не успеа и нема да функционира

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, тврди дека ЕУ треба да се фокусира на зајакнување на своите надворешни граници и на борбата против шверцерите на луѓе наместо да заживее планот што ќе ги принуди земјите членки да ги населуваат бегалците, пренесува РТ.

ЕУ е подготвена да ја објави новата предлог-политика за азил. Сепак, враќањето на задолжителните квоти за прифаќање мигранти е осудено на неуспех, смета Курц.

„Откриваме дека распределбата на барателите на азил во Европа е неуспешна и многу држави го отфрлаат ова. Нема да функционира вака“, рече Курц за „Франс прес“.

Тој рече дека земјите членки треба да се фокусираат на обезбедување на надворешните граници на ЕУ и наместо тоа, да се борат против шверцерите со мигранти, како и да им помагаат на земјите од каде што доаѓаат бегалците.

„Европската Унија не е само Германија и Франција… малата или средната држава се разбира дека секогаш треба да бара сојузи, а во ЕУ со 27 земји членки може да се наметнуваат идеи само ако има други што ги поддржуваат“, смета тој.

Повеќе од еден милион мигранти пристигнаа во Европа само во 2015 година од Блискиот Исток и од Африка. Брисел се обиде да се справи со приливот на мигранти принудувајќи ја секоја земја членка да прифати и насели одреден број луѓе. Сепак, Австрија и другите помали држави во Централна и Источна Европа, како што се Полска, Унгарија и Чешка, се побунија против оваа шема.

Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон, вети дека ќе ја измени политиката за азил правејќи ја пофлексибилна. Но, таа истакна дека е потребен заеднички пристап за да се обезбеди олеснување за државите кои се наоѓаат на фронтовската линија на мигрантската криза, како што е Грција.

Таа додаде дека со заедничка политика ќе се реши прашањето за пренатрупани бегалски кампови, како што е озлогласениот логор „Морија“ на грчкиот остров Лезбос, кој беше опустошен од пожари претходно овој месец.

„На сите им е очигледно дека ад хок солидарноста или доброволната солидарност не е доволна. Тоа е докажано веќе многу години. Солидарноста мора да биде задолжителна“, рече Јохансон.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Македонија1 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија2 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија3 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија3 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион4 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија4 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија5 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет5 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија5 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија6 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија6 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа7 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа8 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет8 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија9 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија9 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија22 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија23 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија23 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Досие