Контакт

Свет

Северна Кореја ја лансирала едната ракета од подморница

Објавено пред

Северна Кореја можеби ја лансирала едната балистичка ракета од подморница, јави новинската агенција „Јонхап“ повикувајќи се на Заедничкиот генералштаб на Јужна Кореја (ЈЦС).

Ракетата, за која се верува дека е СЛБМ (балистичка ракета лансирана од подморница), била лансирана од источниот брег во близината на Вонсан и прелетала речиси 450 километри.

„Нашата војска ја следи ситуацијата во случај на дополнителни лансирања и одржува подготвеност“, велат од ЈЦС повикувајќи го Пјонгјанг да престане со дејства кои само ги ескалираат тензиите на Корејскиот Полуостров.

Американските сили во Кореја соопштија дека се свесни за лансирањето.

„Свесни сме за извештаите за лансирање ракета на Северна Кореја. Продолжуваме внимателно да ја следиме ситуацијата и да се консултираме со нашите сојузници во регионот“, рече портпаролот на американските сили.

Според јапонската влада, Северна Кореја лансирала две балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море. Една од ракетите стигнала до ексклузивната економска зона на Јапонија, во близина на префектурата Шимане. Нема извештаи за оштетување рибарски чамци. Севернокорејските проектили последен пат стигнаа до ексклузивната економска зона во Јапонија во ноември 2017 година.

Од јули 2019 година Северна Кореја редовно лансира балистички ракети со краток дострел. Во август Пјонгјанг изврши пет лансирања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов во затворска ќелија

Објавено пред

Американскиот тајкун Џон Мекафи, креаторот на популарната програма за безбедност на Интернет, беше пронајден мртов во затворска ќелија во Шпанија, само неколку часа откако Високиот суд ја одобри неговата екстрадиција во САД, каде му се закануваше казна затвор од 30 години за затајување данок.

Каталонското Министерство за правда објави дека сè укажува на тоа дека седумдесет и петгодишниот Џон Мекафи извршил самоубиство во затворот, пренесуваат агенциите.

Американецот беше уапсен на аеродромот во Барселона во октомври 2020 година и беше обвинет за затајување данок по налог на американските власти.

Мекафи тврдеше дека обвинувањата поднесени од американската даночна служба (ИРС) се поврзани со неговиот неуспех да се кандидира како претставник на Слободарската партија на претседателските избори во 2020 година.

Каталонската полиција во официјалното соопштение рече дека затворските службеници и болничарите се обиделе да го спасат животот на Мекафи, но не успеале во тоа.

Сепак, тие рекоа дека ќе започнат официјална истрага, иако сè укажува на самоубиство.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Објавено пред

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен под урнатините.

Дополнителна опасност во несреќата е што од заробениот камион почнало да протекува гориво кое може да биде лесно запаливо, велат официјалните лица.

Властите се на терен, а четири лица со повреди се префрлени во болниците пишуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Спајдермен дојде во посета на папата

Објавено пред

Необичен посетител, суперхеројот Спајдермен денеска се појави на јавно обраќање на папата во Ватикан.

Имено, човек во тесен костум од овој стрип јунак седеше во ВИП делот за публиката во дворот Сан Дамасо, пренесува „Ројтерс“.

Спајдермен мирно седеше до свештеник облечен во црно, кој изгледаше дека воопшто не е вознемирен или зачуден од присуството на шарената маска со големи бели очи.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија13 часа

Владата го утврди предлогот за поскапување на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет14 часа

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ14 часа

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија18 часа

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија18 часа

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа18 часа

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија19 часа

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија21 час

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа21 час

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија21 час

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија22 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет23 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет24 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија2 дена

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија2 дена

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија2 дена

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија2 дена

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија2 дена

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија2 дена

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет2 дена

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Досие