Свет
Сеулската полицијата негира дека исчезнатиот градоначалник е мртов
Јужнокорејската полиција ги отфрли извештаите во медиумите за смртта на градоначалникот на Сеул, Парк вон-Сун, кој исчезна утрово, а потрагата продолжува, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.
Претходно утрово, „Јонхап“ извести дека полицијата почнала операции за пребарување кога градоначалникот на јужнокорејската престолнина Сеул бил пријавен за исчезнат.
Извештајот тврдеше, повикувајќи се на полицијата, дека потрагата по градоначалникот Парк вон-Сун е во тек во населбата Сунгук Сунгбук, каде што последен пат бил забележан сигналот од неговиот мобилен телефон.
Исчезнувањето го пријавила ќерката на градоначалникот, кој контактирала со полицијата велејќи дека не може да го најде својот татко.
Подоцна, Ким Jи-Хјеонг, службеник од градската влада на Сеул, изјави дека градоначалникот не се појавил на работа и ги откажал сите свои состаноци, вклучително и состанокот со претседателски службеник во неговата канцеларијата во градското собрание.
Парк вон-Сун беше избран за градоначалник на главниот град во 2011 година и беше избран за неговиот трет и последен мандат минатата година. Како член на Демократската партија на претседателот Мун Јae-ин, градоначалникот Парк вон-Сун се смета за потенцијален претседателски кандидат на изборите во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

