Свет
Се зголемува бројот на луѓе што страдаат од глад, предупредуваат ОН
Бројот на луѓе што страдаат од глад се зголеми во текот на изминатите три години откако претходно беше во пад, се вели во извештајот на ОН.
Според анализите, во 2017 година 821 милион луѓе биле неисхранети – што во просек е едно на секои девет лица.
Речиси 151 милион деца на возраст под пет години или 22 отсто на глобално ниво имаат нарушен развој поради лошата исхрана.
Авторите на истражувањето велат дека екстремните климатски промени се делумно виновни за порастот на луѓе што страдаат поради глад и повикуваат на итна глобална акција.
Во извештајот исто така се вели дека тешкотиите за пристап до храна со нутриционистички вредности влијаат и врз растечкиот глобален проблем со дебелината, при што едно од осум возрасни лица (повеќе од 672 милиона) се класифицирани како дебели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

