Свет
Се преврте автобус во Пакистан, загинаа најмалку 19 лица
Автобус со верници се преврте поради брзо возење на автопат во југозападен Пакистан, при што загинаа најмалку 19 лица, а други 50 беа повредени, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во областа Куздар, провинцијата Балучистан. Спасувачките екипи ги пренеле повредените во блиската болница.
Возачот изгубил контрола при остар свиок и автобусот се превртел, изјави претставникот на локалната полиција Хафиз Улах Менгал.
Смртните сообраќајни несреќи се чести во Пакистан поради лошата патна инфраструктура и непочитувањето на сообраќајните прописи.
#BreakingNews: 18 pilgrims died over two dozen injured when their bus turn turtle near #Khuzdar #Balochistan pic.twitter.com/utHmPyGVvX
— Quetta Voice (@VoiceQuetta) June 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар ги прекина односите со Иран по нападот
Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.
„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.
Фото: Depositphotos
Свет
Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.
„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.
Фото: ЕПА
Свет
Иран тврди дека е погоден нуклеарниот полигон во Натанц, ИАЕА вели дека нема докази за штета
Иранскиот нуклеарен полигон во Натанц бил погоден за време на американските и израелските воени операции против Исламската Република, изјави иранскиот амбасадор при Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Реза Наџафи.
„Вчера повторно беа нападнати ирански мирни, заштитени нуклеарни постројувања“, изјавил Наџафи на состанок на Управниот одбор на ИАЕА. На прашање на Ројтерс кое постројување било погодено, тој одговорил: „Натанц“.
Од друга страна, генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Гроси, изјавил дека агенцијата засега нема никакви назнаки дека е оштетено или погодено нуклеарно постројување.
„Немаме никаква назнака дека некое нуклеарно постројување оштетено или погодено“, рекол Гроси во обраќањето пред Управниот одбор, додавајќи дека обидите за воспоставување контакт со иранските нуклеарни регулаторни власти продолжуваат, но засега без одговор.
ИАЕА со месеци бара од Иран да ја информира за судбината на 440 килограми збогатен ураниум по претходните напади, како и да дозволи целосно продолжување на инспекциите во клучните постројувања, меѓу кои Натанц, Фордо и Исфахан.
Гроси оцени дека ситуацијата на Блискиот Исток е многу загрижувачка и повика на максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација.
Фото: Depositphotos

