Свет
(Фото) Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори
Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа во Саудиска Арабија пред разговорите за ставање крај на војната во Украина, кои ќе се одржат без Киев и неговите европски сојузници, јавува Си-ен-ен.

Други американски претставници кои присуствуваат на разговорите во Ријад се советникот за национална безбедност Мајк Волц и пратеникот за Блискиот Исток Стив Виткоф. На руска страна се високи политички, разузнавачки и економски фигури, вклучувајќи го и шефот на државниот фонд, Кирил Дмитриев, кој одигра клучна улога во неодамнешниот договор за ослободување на затворениците во САД.

Лавров рече дека разговорите ќе имаат за цел да стават крај на „ненормалниот период“ во односите меѓу двете „големи сили“. Дискусијата, исто така, може да постави основа за потенцијална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
