Свет
Се урна рудник за злато во Чад, загинаа многу луѓе
Голем број луѓе загинаа во вторникот вечер при уривање на нелегален рудник за злато во северниот дел на Чад, област на беззаконие и илегални копачи на злато, соопшти министерот за одбрана и безбедност Махамат Абали Салах.
Несреќата се случила во близина на Кури Бугуди, недалеку од либиската граница, во провинцијата Тибести во која е прогласена вонредна состојба.
„Рудникот се урна. Не знам точно колку има загинати, но многу луѓе работат во овие рудници. Сигурно има многу загинати“, рече министерот Салах во телефонското интервју.
Еден воен офицер, кој сака да остане анонимен, зборува за „триесет загинати“ и своето тврдење го заснова на изјавите на луѓето од местото на настанот.
Властите испратија воена единица на местото на настанот и чекаат извештај од теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

