Свет
Се урна рудник во Мјанмар, се стравува дека загинаа 54 рудари
Се стравува дека повеќе од 50 луѓе ги загубија своите животи во Мјанмар, во Хпакант, кога доцна синоќа рударите што ископуваа жад беа затрупани со куп јаловина, изјавија пратеникот на Хпакант, Тин Сое и еден спасител.
Според Сое, три тела се извлекуваат од урнатините, објави „Ројтерс“.
Plus de 50 personnes auraient été tuées dans un glissement de terrain dans une mine de jade au #Myanmar: police
Via @Maga1stNew https://t.co/FvPW9DJXTD pic.twitter.com/rzlc9FRd13— AsieNews (@AsiaNews_FR) April 23, 2019
Тој рече дека 54 работници, кои работеле за две рударски компании, заедно со 40 машини и возила, биле заглавени кога на нив се срушил голем куп отпад.
„Тие нема да преживеат. Тоа не е можно бидејќи се наоѓаат под калта“, изјави Тин Сое во телефонскиот разговор за „Ројтерс“ .
„Многу е тешко да се најдат телата“, додаде тој.
Началникот на пожарникарската служба, Аје Теин, рече дека потрагата по преживеаните е во тек.
Смртоносни свлечишта и други несреќи се чести кај слабо регулираните рудници во Хпакант.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

