Свет
СЗО: Вирусот ќе се прошири и во другите делови на Кина
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека новиот корона вирус, најверојатно, ќе се прошири и во другите делови на Кина и евентуално во други земји во наредниот период.
„Треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина и веројатно во другите земји во наредните денови“, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, рече „Ројтерс“.
Досега во Кина вирусот во најголем дел е концентриран во градот Вухан, иако има изолирани случаи во Шангај и Пекинг.
Според последните информации, шест лица досега починаа како последица на вирусот, а потврдени се над 250 случаи на заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.

