Свет
СЗО до властите: Тестирајте ги и изолирајте ги луѓето, мора да се разбие синџирот за пренос
Тестирајте го секој сомнителен случај, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребрејзус, оценувајќи дека минатата недела дошло до брза ескалација на заболени од коронавирус.
„Имаме едноставна порака за сите земји: тестирајте, тестирајте, тестирајте“, рече Тедрос на брифингот со медиумите.
Тој кажа дека сите земји мора да имаат сеопфатен пристап во борбата против вирусот, но истакна дека кршењето на синџирот на пренос е најефикасниот начин за спречување инфекции и за спасување животи.
„За да го направите тоа, мора да ги тестирате и изолирате луѓето. Не можете да се борите со пожари со затворени очи. И не можеме да ја спречиме оваа пандемија ако не знаеме кој е заразен“, потенцира Тедрос.
Тој препорача државите во светот да ги изолираат лицата чии резултати од тестот биле позитивни, да дознаат со кого биле во контакт најмногу два дена пред да се појават симптомите, а потоа да ги тестираат и тие луѓе.
Тедрос истакна дека мерките за социјална оддалеченост може да помогнат во намалувањето на пренесувањето на вирусот и да им се овозможи на здравствените системи да се справат со пандемијата, а миењето на рацете и кашлањето во лакотот може да го намалат ризикот од заболување, но дека овие мерки сами по себе не се доволни за да се искорени оваа пандемија.
Тедрос потсети дека СЗО испрати речиси 1,5 милион тестови до 120 земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

