Свет
СЗО: Има пораст на нови случаи во некои земји што ги олеснаа мерките
Во текот на викендот дојде до пораст на нови случаи на заразени со коронавирус во некои земји кои ги олеснија ограничувањата, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешната прес-конференција во Женева.
„Во текот на викендот бевме сведоци на предизвикот што претстои. Во Јужна Кореја, кафулињата и клубовите повторно беа затворени поради новооткриените случаи на инфекција. Во Вухан, Кина, се случи уште едно зголемување на бројот на новозаразени по прекинот на мерките“, рече Тедрос.
И во Германија има пораст на бројот на нови случаи.
„Германија исто така објави зголемување на нови случаи по олеснувањето на рестриктивните мерки. За среќа, сите три земји имаат добар систем за откривање и реагирање на повторна појава на нови инфекции“, додаде директорот на СЗО.
Тедрос истакна дека СЗО има објавено упатства и шест критериуми што земјите треба да ги земат предвид пред да ги укинат рестриктивните мерки, пишува Си-ен-ен.
„СЗО работи тесно со владите за да се осигура дека остануваат клучните ограничувања на сила за време на борбата против пандемијата. Додека нема вакцина, мерките се нашиот најефикасен модел за спречување на ширењето на Ковид-19“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

