Свет
СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата против коронавирусот.
„Не смееме да се предаваме“, рече Гебрејсус, кој призна дека по неколкумесечна борба со коронавирусот, од кој како последица починаа 1,1 милион луѓе ширум светот, постои одреден замор.
Генералниот директор на СЗО ова го изјави ден откако шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја контролираат пандемијата на коронавирусот.
„Еве што ќе направиме. Нема да ја контролираме пандемијата, ќе го контролираме тоа да имаме вакцина, терапија и други средства за ублажување на болеста”, изјави шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус, за Си-ен-ен, додавајќи дека вирусот е заразен исто колку грипот.
Гебрејсус рече дека ширењето на вирусот може да се спречи само доколку службените и одговорни лица брзо реагираат.
Според последниот биланс, најмалку 1.155.301 лице починале од коронавирус ширум светот, а повеќе од 43.080.500 луѓе биле заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

