Свет
СЗО: Нема докази дека новиот вид на коронавирус предизвикува потешки симптоми
Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека нема докази дека мутираниот вид на коронавирус предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи, иако е позаразен.
Марија ван Керкове, техничка директорка на СЗО за Ковид-19, вели дека научниците ја анализираат реакцијата на антителата кон мутацијата на вирусот.
Исто така, таа кажа дека новиот вид на коронавирус е под контрола и дека ова е нормална фаза во еволуцијата на пандемијата.
Според ван Керкове, лице кое ќе се зарази со новиот вид на коронавирус, инфицира во просек уште 1,5 луѓе, додека тој број во Велика Британија е 1,1 за претходно познатите варијанти на вирусот.
Токму кога почетокот на вакцинацијата во неколку земји внесе доза на оптимизам, беше откриен нов вид на коронавирус на југот на Англија, кој ја загрижи јавноста. СЗО објави дека новиот вид е пронајден и кај лица во Австралија, Исланд, Италија и Холандија, како и дека има повеќе случаи во Данска
Британскиот професор по медицина на Универзитетот во Ливерпул и член на советодавно тело за итни ситуации во владата на Велика Британија, Калум Симпл, процени дека новиот вид на коронавирус што се шири во Велика Британија очигледно ќе стане доминантен во целиот свет.
Во интервју за „Скајњуз“, тој рече дека новиот вид може да се шири побрзо кај човечката популација, така што ќе ги потисне другите видови на вирусот и природно ќе стане доминантен, објави лондонски „Гардијан“.
„Колку повеќе расте стекнатиот колективен имунитет, толку посигурна ќе биде појавата и развојот на нови видови на коронавирус. Тоа не е изненадување за нас затоа што секоја година се бориме против вирусите“, истакна професорот Симпл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

