Свет
СЗО: Први резултати од вакцината против Ковид-19 на крајот на годината

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека резултатите од тестирањето на некои кандидати за вакцина против новиот вид коронавирус ќе бидат познати до крајот на годината.
Главниот експерт на научната делегација на СЗО, Соума Сваминанатан, се осврна на прашањето кога ќе почне производството на 35 вакцини, кои сè уште се тестираат на луѓе во светот, велејќи дека за време на тестирањето и производството на вакцината се потребни податоци и човечки ресурси.
„Треба да имаме предвид дека за клиничките испитувања против Ковид-19 неопходно е време. Не можеме да брзаме со тоа”, рече Сваминатан.
Сваминанатан појасни дека десетици илјади луѓе треба да се пријават за да учествуваат на клиничките испитувања, со цел создавање безбедна и ефикасна вакцина.
„Тоа е трка. Тоа е трка против вируси и трка за спасување животи. Не е трка меѓу компании. Не е трка меѓу држави. Тоа е трка за поддршка на јавното здравје и поддршка на најбезбеден и најефикасен можен начин“, рече Рајан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Воз во Русија налета на експлозив поставен под шините

Во рускиот Белгородски регион воз налета на експлозивна направа, предизвикувајќи експлозија, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Според прелиминарните информации, возот налетал на експлозивна направа поставена под шините“, напиша тој.
Повредени нема, но оштетена е контактната мрежа на железничката пруга.
Железничкиот сообраќај е привремено во прекин. Сите служби за итни случаи се на терен.
Свет
Трамп бара имиња на странските студенти кои студираат на „Харвард“: Сакаме да знаеме од каде се

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација сака имиња и земји на сите странци кои студираат на Харвард, сугерирајќи дека странските земји, особено оние кои се непријателски настроени кон САД, треба да придонесат за финансирање на образованието на нивните студенти.
„Зошто Харвард не соопшти дека речиси 31 отсто од нивните студенти се од странски земји, и додека некои од нив воопшто не се пријателски расположени кон Соединетите држави, тие не плаќаат ништо за образованието на своите студенти, ниту пак имаат намера да го направат тоа“, напиша Трамп на „Тру соушал“.
Тој истакна дека неговата администрација сака да знае кои се и од каде се странските студенти и додаде дека Харвард „не е многу отворен“.
„Ги сакаме тие имиња и земји“, рече Трамп.
Според податоците на Харвард, во оваа учебна година 27 отсто од студентите доаѓаат од странство, а најмногу се од Кина, Канада, Индија, Јужна Кореја и Велика Британија.
Во учебната 2024-2025 година на Харвард беа запишани 6.793 студенти на додипломски и магистерски студии од 147 земји.
Странските студенти немаат право на какво било федерално финансирање, според делот за финансиска помош на веб-страницата на Харвард, додавајќи дека колеџот има свои пари за стипендии, кои се достапни за странски студенти.
Свет
Малта ќе ја признае Палестина следниот месец

Премиерот на Малта, Роберт Абела, денеска најави дека Малта ќе ја признае државата Палестина следниот месец.
Соопштението дојде за време на политички настан на кој Абела ги покрена локалните и глобалните прашања, со посебен фокус на хуманитарната криза во Газа, пренесува „Малта тудеј“.
„Не можеме да ги затвориме очите пред оваа човечка трагедија која секој ден се влошува“, весникот го цитираше малтешкиот премиер Абела осврнувајќи се на израелското бомбардирање на Газа, во кое загинаа речиси 54.000 Палестинци.
Абела рече дека овој потег е морална одговорност и дека Палестина ќе биде признаена по конференцијата на 20 јуни.