Свет
Силен земјотрес во Индонезија
Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Минахаса на индонезискиот остров Сулавеси, соопшти германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесе Ројтерс.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од шест степени.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Линијата на фронтот се движи во погрешна насока, мора да ја зголемиме помошта за Украина
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина.
Тој додаде дека линијата на фронтот моментално се движи во погрешна насока, пренесува Ројтерс.
„Навистина треба да ја зголемиме, а не да ја намалиме нашата поддршка за Украина“, рече Руте на настанот посветен на Украина на Светскиот економски форум во Давос.
Шефот на НАТО, исто така, истакна дека остварлив мировен договор за Украина треба да биде таков каде Путин „никогаш повеќе“ нема да може во иднина да стекне ниту еден квадратен километар Украина.
Свет
Трамп за враќање во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговото политичко враќање е доказ дека политиките и филозофијата на „радикалната левица“ во изминатите четири години се „страшни“ и „не работат“.
Во интервју за Фокс њуз, Трамп ја критикуваше политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на САД од Авганистан, како и војните во Украина и меѓу Израел и Хамас.
„Стигнавме точно на време за да ја спасиме земјата“, рече Трамп.
Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа, заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја, од Панама до Гренланд. И, засега, европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување.
Свет
Трамп ја избра 27-годишната Каролин Левит за портпаролка, најмладата во историјата
Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа позиција во историјата на Белата куќа. Последен пат некој помлад од 30 години ја извршувал функцијата во 1969 година, за време на мандатот на претседателот Ричард Никсон, јавува Би-би-си.
Трамп по нејзиното назначување рече: „Каролин Левит направи феноменална работа како прес-секретар за мојата кампања, и со задоволство можам да објавам дека ќе служи како прес-секретар во Белата куќа. Каролин е паметна, цврста и се покажа како многу ефикасен комуникатор. Имам голема доверба во неа дека ќе биде брилијантна во оваа улога и ќе помогне да ја пренесеме нашата порака до американскиот народ“.
The Golden Age of America has begun. pic.twitter.com/jJudArLyYS
— Karoline Leavitt (@karolineleavitt) January 20, 2025
Левит ја изрази својата возбуда за нејзината нова улога на платформата Икс (поранешен Твитер), пишувајќи: „Благодарам на вредните вработени во Белата куќа што подготвија сè за нашето пристигнување. Се гледаме наскоро!“ Таа подоцна додаде: „Златното доба на Америка започна“.