Свет
Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа
Најмалку осум лица загинаа во земјотресот во северен Авганистан, но бројот на жртви може да се зголеми, изјавија официјални лица за државната новинска агенција „Бахтар“.
„Вечерашниот земјотрес предизвика финансиски и човечки загуби во провинцијата Кунар“, изјави Мавлави Наџибула Ханиф, директор на Информативно-културниот центар во Кунар.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во раните утрински часови недалеку од градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан.
Авганистан сè уште закрепнува од силниот земјотрес во кој во јуни загинаа повеќе од 1.000 луѓе на истокот на земјата, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

