Свет
Силен земјотрес во Средоземното Море, почувствуван во повеќе земји

Земјотрес со јачина од 5,8 степени е регистриран доцна синоќа во Средоземното Море, недалеку од грчкото крајбрежје, објави денес Медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на речиси 240 километри југозападно од грчкиот регион Метони на Пелопонез, на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема податоци за човечки жртви или материјална штета.
Од почетокот на мај, Грција, поточно грчкиот остров Крит, го погодија неколку земјотреси, од кои последниот, со јачина од 4,4, се случи вчера.
Според сведочењата од веб-страницата ЕМСЦ (emsc-csem.org), земјотресот бил почувствуван во неколку медитерански земји, а во Хрватска го почувствувале жителите на Дубровник, иако градот е оддалечен 846 километри од епицентарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Се преврте автобус на фудбалски клуб, има загинати

Автобусот со фудбалерите на „Вила Марија Хелена“ излета од мостот кај реката Анг, на патот БР-116, јавуваат бразилските медиуми.
Според информациите кои ги објави бразилски „Глобо“, во оваа несреќа загинале најмалку четири лица.
Во автобусот имало 28 млади лица на возраст од 14 до 17 години, како и возачот и четворица членови на техничката комисија.
TRAGÉDIA! 🚨
Na madrugada desta segunda-feira (30), um time de futebol sofreu um acidente de trânsito em Minas Gerais.
Poucas informações se tinham até o momento, porém foi descoberto que o clube em questão é o Esporte Clube Vila Maria Helena, do Rio de Janeiro.
SEGUE O FIO pic.twitter.com/8Pdg5qTkqW
— Goleada Base (@goleada_base) January 30, 2023
Како што пренесуваат медиумите, тимот се враќал од турнирот во градот Убапоранж и превезувал млади фудбалери во градот Дјук де Касиљас.
Автобусот излетал од мостот и паднал од висина од десет метри.
Иако жртвите се уште не се идентификувани, се знае дека се работи за едно возрасно и три помлади лица.
Телата се пренесени во Афранио Пеиксото, додека повредените се хоспитализирани во болница во Сао Салвадор.
Европа
Песков: Ситуацијата е безнадежна, води до вистинска ескалација

Оружјето што западните земји и го доставуваат на Украина доведува до ескалација на конфликтот, ситуацијата е во ќорсокак, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Песков изјави дека текот на настаните не може значително да се промени и дека специјалната операција продолжува.
„Украина бара се повеќе и повеќе ново оружје, а Западот ги охрабрува овие барања, се колне дека е подготвен да обезбеди оружје. Оваа ситуација е прилично безнадежна, бидејќи, уште еднаш ќе кажам, води до вистинска ескалација и води кон НАТО членовите и тие се подлабоко и подлабоко во овој конфликт“, рече Песков пред новинарите.
Портпаролот се осврна и на односите меѓу Москва и Париз, велејќи дека таму нема ништо за пофалба, исто како во односите меѓу Русија и членките на Европската унија, но доколку е потребно, дијалогот со францускиот лидер Емануел Макрон ќе продолжи.
Песков, дополнително, нагласи дека сега е тешко да се зборува за перспективите на дијалогот со НАТО, бидејќи, како што рече, Алијансата одамна ги прекина сите конструктивни односи со Русија.
Според него, постојат одредени кругови во сите европски земји кои се загрижени за степенот на нивната вклученост во украинскиот конфликт.
Европа
Грчки воен авион се урна во Јонското Море, се трага по пилотите

Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион „Ф-4“ кој се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.
Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез.
Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат оваа информација.