Свет
Силен земјотрес во Тајван, епицентарот на длабочина од 17 километри
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди регионот на Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 17 километри.
#Earthquake (#地震) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M5.6 || 20 km S of #Hualian (#Taiwan) || 9 min ago (local time 00:54:28). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/WHvZlNt7Nz
— EMSC (@LastQuake) December 7, 2022
На 18 септември Тајван беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,9 степени.
Локалното сеизмолошко биро соопшти дека земјотресот го погодил ретко населениот југоисточен дел на островот.
Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами, американските геолози тврдат дека епицентарот на земјотресот бил на 50 километри северно од градот Тајтунг на длабочина од 10 километри.
Според тајванските медиуми, двокатна зграда се урнала во близина на епицентарот, додека воз излетал од шините, а земјотресот бил почувствуван и во северниот дел на островот, каде главен град е Тајпеј.
Поради блокираните патишта, повеќе од 600 луѓе останаа заробени во планините Чике и Лиушиши, но нема информации за жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

