Свет
Силен земјотрес го погоди Перу
Земјотрес со јачина од 5,7 степени, го погоди западниот дел на Перу, соопшти Европскиот-медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил 58 километри северозападно од Охапампе, пренесува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Драма во Хрватска: мал авион ја промаши пистата и удри во луѓе, има повредени
Во несреќата што се случи на Хвар, Хрватска, кога помал авион ја промаши пистата, три лица се полесно повредени, јави ХРТ.
Несреќата се случила во Староградско поле, кога авионот ја промашил пистата при слетување и удрил во двајца велосипедисти.
Повредените со хеликоптер се пренесени во сплитската клиничка болница.
Свет
Русија и Украина разменија по 75 воени заробеници
Русија и Украина разменија по 75 воени заробеници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на преговарачкиот процес, 75 руски воен персонал, кои се соочуваа со смртна опасност во заробеништво, беа вратени од територијата под контрола на режимот во Киев, а за возврат беа префрлени 75 воени заробеници на вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението.
Разменетите руски војници ќе бидат префрлени во Москва на лекување и рехабилитација во медицински установи.
Во соопштението се додава дека Обединетите Арапски Емирати дале помош за посредување во размената на затвореници.
Претходната размена на воени заробеници меѓу Киев и Москва се случи на 8 февруари, кога беа разменети стотина затвореници од двете страни.
Свет
Израелска армија: Се наоѓаме во центарот на Рафа
Израелската армија сега оперира во центарот на палестинскиот град Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти армијата. Израелската армија таму откри ракетни фрлачи, тунели и оружје на Хамас, велат тие.
Иако очевидците видоа тенкови во центарот на градот претходно оваа недела, засега нема потврда за влез на копнената армија во областа.
Операцијата во Рафа на меѓународно ниво беше остро критикувана, меѓу другите и од најблиските сојузници на Израел. На прашањето во март дали инвазијата на Рафа ќе биде „црвена линија“, американскиот претседател Џо Бајден изјави за МСНБЦ дека тоа е „црвена линија“.
Претходно во мај тој се закани на „Си-Ен-Ен“ дека ќе ја ограничи испораката на американско оружје за Израел доколку еврејската држава го нападне Рафа.
Пред една недела, Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел веднаш да ги прекине воените операции во Рафа.