Свет
Сингапур суспендира две вакцини против грип
Сингапур ја прекина употребата на две од четирите вакцини против грип бидејќи починаа неколку лица што ја примија во Јужна Кореја.
Со тоа Сингапур стана првата земја во светот што јавно објави прекинување на вакцината, пренесува „Ројтерс“.
Наведено е дека 48 лица починале во Јужна Кореја кога примиле вакцина против сезонски грип, но тие исто така најавија дека ќе продолжат со програмата за вакцинација бидејќи не е воспоставена директна врска помеѓу тие смртни случаи и вакцинацијата.
Никој не починал во Сингапур по примањето вакцина против грип, но суспензијата на вакцините од страна на SKYCellflu Quadrivalent и VaxigripTetra е воведена како претпазливост, соопшти сингапурското Министерство за здравство.
Првата вакцина се произведува во Јужна Кореја, втората е произведена од „Санофи авентис“.
Другите две вакцини сè уште може да се користат за вакцинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

