Свет
Синот на Осама бин Ладен е мртов, потврди американскиот министер за одбрана
Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, еден од синовите на убиениот водач на терористичката мрежа „Ал каеда“, Осама бин Ладен. Оваа информација неофицијално беше објавена од страна на американските медиуми кон крајот на јули.
На прашањето за смртта на наводниот наследник на лидерската позиција во „Ал каеда“, Еспер, не презентираше детали за операцијата за време на која бил убиен, пренесува „Хина“.
„Не ги знам деталите. Да ми беа познати, ќе ги споделев со вас“, рече новиот шеф на Пентагон.
Американските медиуми објавија дека Хамза бин Ладен е убиен и дека САД учествувале во операцијата за негова ликвидација, но неговата смрт досега не беше официјално потврдена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

