Свет
Сириската влада вети дека ќе се бори против бунтовниците и покрај предупредувањата на САД
Сириски државен весник изјави дека Дамаск ќе продолжи да се бори против бунтовниците или „терористи“, како што тие ги нарекуваат опозициските сили во земјата, и покрај предупредувањата на САД против новата офанзива во јужната провинција Дараа.
Вашингтон предупреди дека ќе преземе „цврсти и соодветни мерки“ за заштита на прекинот на огнот во јужна Сирија доколку силите на претседателот Башар Асад се борат против бунтовниците. Дневниот весник „Ал Баат“ пишува дека заканата на САД ја нагласува „валканата американска улога во војната на терористите“ против Сирија.
Минатата година САД, Русија и Јордан се согласија да го вклучат Дараа во зоната на „деескалација“ и да го замрзнат конфликтот. Владините сили неодамна фрлија летоци во областите што се контролирни од бунтовниците во Дараа, предупредувајќи за претстојната офанзива и повикувајќи ги борците кои се борат против Асад да го положат оружјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Чешкиот министер: Трамп е клучен посредник за мирот во Украина
Чешкиот министер за надворешни работи Петр Мациника изјави дека светот се движи кон дипломатско решение за војната во Украина и дека Доналд Трамп се позиционирал како клучен посредник кој може да ги донесе двете страни на преговарачка маса, пренесе Анадолу.
Мациника оцени дека последните настани укажуваат на напредок кон преговори и дека Украина направила значајни отстапки, додавајќи дека следниот чекор сега е на Русија. Тој предупреди дека напредокот ќе бара конструктивен пристап од сите страни и дека трпението на Трамп „не е бесконечно“.
Според Мациника, силни западни безбедносни гаранции би можеле да бидат алтернатива за членство на Украина во НАТО и да спречат повторување на конфликтот.
Изјавите доаѓаат по разговорите меѓу Володимир Зеленски и Трамп во САД, кои Трамп ги оцени како „одлични“, наведувајќи дека останале уште едно или две отворени прашања до мировен договор.
Свет
Кремљ: Нападот врз резиденцијата на Путин е терористички чин за да се спречат преговорите
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин водат и продолжуваат дијалог заснован на доверба, и покрај провокациите од Киев, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
„Обидот на Киев да ја нападне резиденцијата на Путин е терористички чин со цел да се попречи преговарачкиот процес“, рече Песков, јавува РИА.
Тој негирањето од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека украински дронови го извеле нападот, го нарече „лудо“.
„Москва гледа дека Зеленски и многу западни медиуми кои се ‘вградуваат’ во Киев се обидуваат да го негираат нападот врз резиденцијата на Путин“, изјави Песков.
Тој нагласи дека нападот бил неутрализиран благодарение на руската противвоздушна одбрана.
„Се разбира, гледаме дека самиот Зеленски се обидува да го негира ова, а многу западни медиуми, играјќи на страната на киевскиот режим, почнуваат да шират приказна дека тоа не се случило“, рече Песков, додавајќи дека Кремљ не смета оти е потребен било каков доказ за да се потврди дека нападот се случил.
Според неговите зборови, нападот врз резиденцијата бил насочен и кон Трамп и неговите обиди да го реши конфликтот во Украина.
Песков додаде дека дипломатските последици од нападот ќе резултираат со заострување на руската преговарачка позиција.
Тој одби да одговори на новинарско прашање каде се наоѓал Путин за време на нападот.
„Во сегашните услови, оваа тема не е предмет на јавна дискусија“, рече Песков.
Тој нагласи дека Русија, и покрај нападот, останува во преговарачкиот процес за Украина и продолжува со дијалогот, пред сè со Соединетите Американски Држави.
Свет
Туск вели дека постојат надежи за завршување на војната во Украина во блиска иднина
Европските лидери велат дека мировниот процес за Украина напредува по новите консултации одржани утрово.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави на социјалните мрежи дека е одржана уште една рунда консултации со европските и канадските партнери.
„Го унапредуваме мировниот процес. Сега ни треба транспарентност и чесност од сите – вклучително и од Русија“, рече Мерц.
Полскиот премиер Доналд Туск зборуваше слично, велејќи дека мирот е на хоризонтот и дека постојат причини да се надеваме дека војната би можела да заврши во блиска иднина.
Фото: Depositphotos

