Свет
„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации
Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека е потребна посилна соработка.
Тоа е, како што беше истакнато, особено важно во случај на глобални проблеми како што е пандемијата на коронавирусот.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека по Втората светска војна, ООН учествувале во воспоставувањето нов светски поредок и заедница за зачувување на мирот и иднината. Сепак, канцеларката истакна дека ООН премногу често мора да заостанува зад своите идеали, бидејќи интересите на одделни земји членки одвреме-навреме спречувале овој поредок да функционира на начинот на кој првично било замислено. Канцеларката посочи дека оние кои веруваат дека самите можат подобро грешат.
„Нашиот свет е нешто што го споделуваме, исто така и нашето страдање. Ние сме еден свет“, истакна Меркел.
Таа се осврна на пандемијата Ковид-19 и рече дека ова е еден од примерите што покажува дека глобалните проблеми бараат глобална соработка надвор од националните граници и на сите нивоа.
Шпанскиот крал Филип Шести изрази благодарност за постоењето на ООН, како и благодарност до сите оние без кои оваа организација немала да постои и на сите кои учествувале и кои учествуваат во реализацијата на нејзината мисија.
Кралот посочи дека е потребно поголемо единство и соработка меѓу народите, како што покажа пандемијата Ковид-19, со која целиот свет во моментов се бори.
Шпанскиот крал рече дека идејата за посветеност е важна за ООН и во тој контекст посочи дека Шпанија ќе остане лојална членка на ООН и сигурен партнер на другите земји кои се нејзини членки.
Претходно на сесијата, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, оцени дека предизвиците на иднината не се исти денес како и пред 75 години, кога беа основани Обединетите нации, и дека овие предизвици бараат наше целосно залагање и борба за универзалните вредности.
Како што рече, и како политичар и како граѓанин, тој е загрижен за иднината на планетата и би сакал да осигури дека неговите и другите деца ќе имаат слобода и почит, свет без дискриминација, како и пристап до вода и „ќе ги рашират крилјата“.
Претставникот на САД изјави дека институциите постојат за да им служат на луѓето, како и дека САД се горди што ѝ служат на ООН 75 години.
ООН претрпе неверојатна еволуција, рече американскиот претставник и посочи дека САД се најголем донатор на ООН за сите 75 години.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг рече дека пандемијата Ковид-19 е голем предизвик за човештвото, и поради новата реалност, светот мора да размисли каква ООН сака во ерата по пандемијата.
Како што рече, сите мора да работиме заедно за да обезбедиме безбедност, што е императив.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека многу градители на мирот се обврзале да работат во служба на ООН на различни нивоа.
Како што рече, постои посветеност и потреба да се соочиме со реалноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

