Свет
Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи првата седница за вештачка интелигенција
Советот за безбедност на ОН ќе ја одржи својата прва официјална седница за вештачка интелигенција во Њујорк оваа недела откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за неговото влијание врз глобалниот мир и безбедност.
Владите во светот размислуваат како да ги намалат опасностите од овој тип технологија, која би можела суштински да ја промени светската економија и да ја преобликува меѓународната безбедносна средина.
Британија претседава со Советот за безбедност овој месец и се обидува да се етаблира како глобален лидер во регулирањето на вештачката интелигенција.
Со седницата во вторник ќе претседава британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли.
Во јуни, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поддржа предлогот на некои водечки луѓе во областа за формирање меѓународно регулаторно тело за вештачка интелигенција, како што е Меѓународната агенција за атомска енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

