Свет
Со коронавирус заразани 60 отсто од патниците на крузер, наскоро следи евакуација
Поголемиот дел од 217 патници и членови на екипажот на брод кој кон средината на март тргнал на крстарење до Антарктикот се позитивни на коронавирус, пренесува уругвајскиот „Ел Паис“.
На Австралијците и Новозеланѓаните на бродот наскоро ќе им биде дозволено да слезат од него.
Уругвајските власти дозволија евакуација на државјаните на Австралија и Нов Зеланд од бродот на кој речиси 60 проценти од тестовите за вирусот, направени врз 217 патници и членови на екипажот, се покажале позитивни.
Како што посочи министерот за надворешни работи на Уругвај, Ернесто Талви, авион со државјаните на Австралија и Нов Зеланд ќе полета в четврток.
Другите патници ќе останат на бродот, пренесува „Ел Паис“.
Бродот „Грег Мортимер“ на 15 март тргнал на крстарење до Антарктикот, но од почетокот на април е закотвен на брегот на Уругвај, бидејќи тамошните власти повеќе пати одбиваа да им дозволат на патниците да слезат.
Работите се промениле кога шест патници морало итно да бидат пренесени во болницата затоа што им била потребна посебна медицинска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

