Контакт

Свет

Спасени сите 39 рудари што беа заглавени во рудник во Канада

Објавено пред

Сите 39 рудари, кои од неделата беа заробени во рудник за бакар, никел и скапоцени метали во Канада, се спасени и сите се во добра здравствена состојба, соопшти денеска компанијата „Вале“, која управува со рудникот.

Раководството на рудникот претходно потврди дека несреќата се случила кога рударско-шинско возило излетало од шините и го блокирало тунелот, пренесува „Ројтерс“.

По тоа, вработените се засолниле во длабочините, од каде што одржувале комуникација со компанијата и имале резерви храна и вода.

Компанијата „Вале“ објави дека спасувачките екипи успеале да се пробијат до рударите на разни локации во рудникот на длабочина од 900 и 1.200 метри, пренесе агенцијата АП.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ни претстои тешка сезона на грип, предупредува Европскиот центар за превенција на болестите

Објавено пред

Постарите луѓе во Европа би можеле да се соочат со тешка сезона на грип, која, кога ќе се додаде на тековната пандемија на коронавирусот, има потенцијал да ги оптовари здравствените системи на ЕУ, предупредува Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC).

Европската агенција објави дека циркулацијата на грипот во Хрватска веќе го надминала сезонскиот праг, што е невообичаено рано, пренесуваат медиумите во регионот.

Во меѓувреме, грипот што најмногу циркулира оваа година, А (H3N2), повеќе ги погодува постарите луѓе и е поврзан со намалената ефикасност на вакцината против грип, велат експертите.

Раното откривање на овој подтип е индикација дека претстојната сезона на грип може да биде тешка, вели шефот на програмата за грип на Европскиот центар, Паси Пентинен.

„Наглиот пораст на инфекциите со грип за време на тековната пандемија на Ковид-19 може да има сериозни последици за постарите лица и може дополнително да ги оптовари здравствените системи, кои и онака се на работ на издржливост поради Ковид-19“, додаде Пентинен.

ЕЦДЦ забележа дека ограничувањата поврзани со пандемијата за време на минатогодишната сезона на грип речиси го елиминираа ширењето на болеста во европскиот блок, што укажува на тоа дека мерките, како што се маските и дистанцирањето, биле ефективни против грипот.

Во меѓувреме, вакцинацијата против коронавирусот и грипот обезбедува заштита од сериозни болести, рече Пентинен, додавајќи дека ова е особено важно за оние што работат во здравствени и старски домови.

Прикажи повеќе...

Европа

Лукашенко: Не увезуваме вакцини од Западот, руските и кинеските се подобри

Објавено пред

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека не гледа причина да увезува вакцини против коронавирусот од западните земји бидејќи кинеските и руските што се користат во неговата земја се подобри.

Тој додаде дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини со помош на руска технологија и дека во иднина ќе се појави белоруски лек против Ковид-19, пренесуваат руските агенции.

Во Белорусија се користи кинеската вакцина на „Синофарм“, како и руските „спутник В“ и „спутник лајт“.

Како што беше претходно најавено, експерти од Белорусија до крајот на годинава ќе добијат пробни дози од вакцината развиена во таа земја, а првите комерцијални дози се најавени за в година.

Според податоците на Министерството за здравство, прва доза од вакцината досега примиле повеќе од 2,7 милиона Белоруси, а повеќе од 2,02 милиона од вкупно 9,35 милиони жители се целосно имунизирани.

Прикажи повеќе...

Свет

Нови детали: Болдвин пукал од пиштол со кој пред снимањето гаѓале лименки?

Објавено пред

Извор од екипата од снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust), за време на кое актерот Алек Болдвин ненамерно ја застрела камерманката Халина Хачинс, открива дека пред снимањето се пукало од оружје со вистински куршуми.

Како што пренесува Си-ен-ен, истрели биле испукани и од пиштолот што подоцна му бил предаден на Болдвин. Тимот пукал во празни лименки пиво, што во САД е популарно наречено plinking.

Нови детали од филмскиот сет за Си-ен-ен открила Шерон Воксман, основачка на шоубиз-порталот The Wrap, повикувајќи се на нејзин доверлив извор од сетот.

Таа објаснила дека тимот на филмските сетови на тој начин често вежбал пукање користејќи вистински куршуми. Нејзиниот портал дознал дека тие го правеле истото тоа на денот кога Хачинс беше застрелана во градите, а ранет беше и режисерот Џоел Соуза.

Си-ен-ен се огради од наводите на тој портал зашто во моментот не може да ги потврди, а продуцентите на филмот го повториле она што веќе го кажаа – дека безбедноста на актерите и тимот зад камерите е приоритет. Тие истакнале дека соработуваат со полицијата и дека не знаат за поплаките во врска со безбедноста на оружјето и реквизитите на снимањето, односно дека ќе ги испитаат нивните безбедносни процедури, додека снимањето е прекинато.

По трагедијата, американските медиуми објавија дека неколку дена претходно на сетот случајно било пукано од пиштол и тоа неколкупати, но дека нема повредени и дека не е јасно дали во тие ситуаации имало вистински куршуми во пиштолите.

Наводно, неколку членови на тимот го напуштиле сетот поради грижа за сопствената безбедност.

Соуза откри дека Болдвин вежбал извлекување на пиштолот и дека го вперил оружјето во камерата по што истрелал куршум, од кој загина камерманката на сетот, а тој беше ранет. Режисерот додава дека слушнал звук како свиреж и силен бум додека стоел зад застреланата Хачинс, се вели во извештајот на прелиминарната истрага.

Во истиот документ се наведува дека Хачинс била погодена во градите, а неколку часа подоцна била прогласена за мртва. Снимателот Рид Расел изјави дека инцидентот не бил снимен бидејќи екипата само се подготвувала за снимање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија2 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија3 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија4 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија6 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија6 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет6 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија7 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет7 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион23 часа

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија23 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија1 ден

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет1 ден

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет1 ден

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 ден

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет1 ден

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион2 дена

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Досие