Контакт

Свет

Спасени четири деца од пештерата во Тајланд, акцијата продолжува утре

Објавено пред

Спасувачките екипи досега успеале да извлечат четири од 12-те деца, кои заендо со нивниот тренер две недели се заглавени во пештера во Тајланд. Ова попладнево го соопшти шефот на спасувачката операција, гувернерот на провинцијата Чианг Рај, Наронгсак Осатанакорн.

dobivaj vesti na viber

Тој ги демантираше „Ројтерс“, кои претходно повикувајќи се на извори од спасувачката операција, јавија дека биле спасени шест деца.

На децата кои биле извлечени, укажана им е лекарска помош. Три од децата биле пренесени во болница со хеликоптер, а едно со амбулантно возило.

Тренерот и останатите деца се уште се наоѓаат во пештерата. Гувернерот нагласи дека за подготовка на секоја следна етапа од спасувачката мисија потребно е да поминат околу 10 часа.

Спасувачката акција за извлекување на 12 деца и нивниот тренер почна утрово во 10 часот по локално време, а првичните проценки беа дека првите деца ќе бидат спасени во 21 часот. За среќа, засега акцијата се одвива добро и децата почнаа да се извлекуваат уште порано од предвиденото, односно до 19 и 47 часот беа спасени 4 деца.

Претходно беше објавено дека фудбалскиот тренер на децата ќе биде извлечен во последната група, заедно со уште две деца.

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже. Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините. Во операцијата учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Таланѓани и 40 странци.

Европа

Зеленски: Крајот на војната во Украина е веројатен според едно сценарио, но тоа нас не ни одговара

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од гледна точка на безбедносните гаранции.

dobivaj vesti na viber

„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е соодветен на развојот на Северна Кореја, каде што имаше вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во цивилизациски, технолошки и економски поглед бидејќи негува хуманизам“, тврди Зеленски.

Според него, крајот на војната според „корејското сценарио“ е веројатен за Украина, но заканата од Северна Кореја е непропорционална на руската, а нивото на безбедносни гаранции за Јужна Кореја е многу повисоко, пренесува Укринформ.

„Сè е можно, но мора да се каже дека Јужна Кореја има голем сојузник – Соединетите Американски Држави. И, верувајте ми, тие имаат многу системи за воздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност“, рече Зеленски.

Тој истакна дека Украина се стреми да добие сигурни безбедносни гаранции, како што се системите „Патриот“ што ги има Јужна Кореја, истакнувајќи дека руската закана за Украина е до десет пати поголема од севернокорејската закана за Јужна Кореја.

„Идентична репродукција на јужнокорејскиот модел веројатно нема да ѝ одговара на Украина од безбедносна гледна точка“, рече Зеленски, додавајќи дека го почитува економскиот модел на земјата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Наскоро нешто ќе се случи во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека наскоро „нешто ќе се случи“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека е „реалистичен и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи активностите што ги преземаат Путин и Зеленски.

„Го следев тоа, го видов и разговарав за тоа со претседателот Путин и претседателот Зеленски. Нешто ќе се случи, но тие сè уште не се подготвени. Но, нешто ќе се случи. Ќе го направиме тоа“, рече тој во телефонско интервју за Си-Би-Ес.

Зборувајќи за неодамнешниот напад на Русија врз Украина, во кој беа убиени 15 лица, Трамп рече дека е незадоволен од ситуацијата, но дека ќе продолжи да се залага за мировен договор.

Трамп истакна дека мислел дека сè ќе се среди, но дека се покажало дека преговорите со Русија не биле лесни.

„Искрено, мислев дека оној со Русија ќе биде полесен од оние што ги запрев, но се чини дека е нешто што е малку потешко“, рече Трамп, според Танјуг.

Американскиот претседател рече дека неговиот пристап кон многу дипломатски преговори, без разлика дали со Русија и Украина или со други завојувани земји, е да ги собере клучните лидери во една просторија и САД да посредуваат во договор во реално време, честопати со негово водство, без да отфрлат никаква можност.

Тој пристап, рече тој, бара трпение, дури и кога се бара брзо решение, но верува дека се исплати во други мировни договори оваа година. „Имавме неколку многу добри денови, за среќа, и кога ги собирам во просторија, или барем ги натерам да разговараат, се чини дека функционира. Спасивме милиони животи“, рече Трамп.

Тој додаде дека ја гледал воената парада во Пекинг, на која присуствувале Путин, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

„Ја разбирам причината зошто го правеа тоа и се надеваа дека јас гледам, и гледав. Мојот однос со сите нив е многу добар. Ќе откриеме колку е добар во текот на следната недела или две“, додаде Трамп.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп го повика Хамас да ги ослободи заложниците и навести можен крај на војната во Газа

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повтори својот повик до Хамас да ги ослободи сите заложници, сугерирајќи дека војната на Израел во Газа би завршила ако го сторат тоа.

dobivaj vesti na viber

„Кажете му на Хамас веднаш да ги ослободи сите 20 заложници, а не 2, 5 или 7, и работите брзо ќе се променат. Ќе заврши!“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Израелската војска вели дека Хамас сè уште има мрежа од подземни тунели во соседството, која не успеа да ја прекине и покрај повторените напади.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира дека Хамас, кој владее со Газа речиси две децении, но сега контролира само делови од територијата, мора да биде поразен освен ако не го положи оружјето и не се предаде.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет1 час

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа2 часа

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа2 часа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија2 часа

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет14 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет15 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија16 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ16 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија19 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет19 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија20 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија22 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија22 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ23 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија24 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија24 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет1 ден

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа1 ден

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...