Свет
Специјалниот трибунал за Либан: Лидерите на Хезболах не се соучесници во убиството на Рафик Харири
Специјалниот трибунал за Либан не најде докази дека раководството на Хезболах било вмешано во убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири, рече судијата Дејвид Ре денеска, пренесува ТАСС.
„Судскиот совет е на ставот дека Сирија и Хезболах можеби имале мотиви да ги елиминираат Харири и неговите политички сојузници, но нема докази дека раководството на Хезболах е вмешано во убиството на Харири и нема директен доказ за директна вмешаност на Сирија“, рече тој.
Судот, исто така, дошол до заклучок дека терористичкиот напад го извршил бомбашсамоубиец, чиј идентитет не може да се утврди. Се очекува пресудата да создаде дополнителни политички тензии во земјата, која веќе врие од незадоволство и протести против актуелната политика и корумпираните политичари.
Рафик Баха ел Дин ал Харири беше либански магнат и премиер на Либан од 1992- 1998 година и повторно од 2000 година до својата оставка во 2004 година. Во овој период, Харири беше на чло на пет влади.
Харири доминираше во повоениот политички и економски живот во Либан и често му ги припишуваат заслугите за обновата на Бејрут по петнаестогодишната граѓанска војна.
Харири беше убиен на 14 февруари 2005 година во детонација на бомба кога колоната со неговиот автомобил поминувала покрај хотелот „Сент Џорџ“ во Бејрут. За убиството беа обвинети наводните поддржувачи на Хезболах, но други го поврзуваа убиството со сириската влада.
Убиството на Харири беше катализатор за драматични политички промени во Либан. Масовните протести во текот на Кедарската револуција доведоа до повлекување на сириската војска и полиција од Либан и до промени во владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

