Контакт

Регион

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Објавено пред

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во јуни годинава, пишуваат белградските медиуми, кои наведуваат дека тоа може значително да влијание врз српскиот пазар и за зголемување на цената на автомобили со мотори од класата Евро 4.

„Забраната за Евро 3 би значела повисоки цени за 10 до 15 проценти. Толку, практично, ќе чинат слични автомобили со првиот повисок стандард“, тврдат претставниците на компании за увоз на автомобили за „Блиц бизнис“.

Возилата со мотори Евро 3 во моментот сочинуваат околу 80 отсто од вкупниот возен парк, односно околу 1,6 милион автомобили од вкупно два милиона патнички автомобили.

Босна и Херцеговина, која има најстар возен парк во Европа и регионот, уште во 2016 година забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори, а Црна Гора го стори тоа на крајот на 2018 година.

Северна Македонија пред пет години забрани увоз на возила постари од 15 години, а Албанија минатата година забрани увоз на стари возила што не ги исполнуваат Евро 5-стандардите или се постари од десет години.

Забраната за мотори со стандардот Евро 3 неодамна беше спомената како една од мерките за спречување поголемо загадување на воздухот во Србија кога Белград со денови беше на врвот на листата на светските градови со највисоко ниво на загадување на воздухот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Поддршка од земјите-членки на ЕУ за новата методологија за проширување

Објавено пред

Советот за општи работи на ЕУ на состанок во Брисел ја поздрави изменетата методологија на процесот на пристапување во ЕУ и порача дека очекуваат позитивни одлуки во март за да се продолжи со процесот на проширување на Западен Балкан.

„Постои голема поддршка за ангажман за ревидирана методологија, отворање на пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија и фокусирање на економскиот развој и владеење на правото во регионот“, рече потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ.

Состанокот на Советот на министри за општи и европски прашања помина во знак на подготовка за самитот на лидерите на ЕУ во март, кој меѓу другото треба да се врати на прашањето на политиката за проширувањето со цел повторно да се обиде да постигне консензус за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Комесарот за проширување, Оливер Вархеји, ги информираше европските министри за предлогот на Комисијата за изменетата методологија за пристапување во преговорите.

Германскиот државен секретар за Европа, Мајкл Рот, кој присуствуваше на состанокот, рече дека официјален Берлин го поддржува овој предлог на Европската комисија.

„Предлогот, од една страна, дава јасна посветеност на перспективата на ЕУ за Западен Балкан, а од друга страна јасно се фокусира на основните вредности на Унијата, како што се демократијата, владеењето на правото, помирувањето во регионот и почитувањето на етничките, верските и сексуалните малцинства“, вели Рот.

Министрите за општи и европски прашања повторно ќе се состанат пред Самитот на лидерите на ЕУ во март, за да ги утврдат препораките што ќе им помогнат на шефовите на држави и влади во расправата за политиката и продолжување на процесот со проширувањето на Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија јавните институции преземаат мерки на претпазливост

Објавено пред

Јавните институции во Словенија почнаа со преземање мерки на претпазливост за заштита на персоналот од инфекција со коронавирус кога беа потврдени првите случаи на вирус во нивното соседство – Италија, Австрија и Хрватска.

Некои училишта ги откажаа планираните активности, а гимназијата во Љубљана објави дека ги прекинува меѓународните размени со Италија и екскурзијата во Рим планирана за април, објави СТА.

Универзитетот во Љубљана ги повика своите студенти и професори што престојувале во делови од Италија погодени од коронавирусот во следните 10 дена да останат во домашен карантин две недели.

Министерството за образование издаде општи насоки до образовните институции повикувајќи ги наставниците и директорите да подготват планови за непредвидени состојби за да се обезбеди дека наставата може да продолжи без нарушувања.

На училиштата им е дадено дискреционо право да го проценат ризикот и соодветно да ги приспособат своите активности.

Половина од училиштата во земјата не работат оваа недела бидејќи учениците во источниот дел на Словенија имаат еднонеделен зимски распуст.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватот кај кого е потврден коронавирус во петокот бил на работа, се огласија и од компанијата

Објавено пред

Првиот Хрват кај кого беше потврдена инфекција со коронавирус е вработен во технолошката компанија „Ериксон Никола Тесла“ и бил на работа во петокот, пишува порталот „Индекс“.

Во Милано тој бил на фудбалски натпревар на Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија. Девојката со која бил во Милано сè уште не е тестирана на вирусот.

Двајцата во Милано престојувале од 19 до 21 февруари.

По враќањето, тој бил на работа во петокот и чувствувал одредени симптоми, но ги препишал на настинка или грип.

„Вработениот во петокот беше на работното место во Загреб. Според нашите информации, во неделата тој бил примен во болница, а дополнително е утврдено присуството на коронавирусот“, велат од компанијата.

Додаваат дека повеле постапка за дејствување предвидено во кризни ситуации и се во директен контакт со службите.

Девојката и сите други со кои бил во контакт ќе бидат тестирани.

Првиот коронавирус во Хрватска беше утврден денеска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија3 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија4 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион5 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија6 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно8 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија8 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион8 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт10 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија10 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет10 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет21 час

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт21 час

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет22 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија24 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Досие