Вести
Српски сеизмолог: Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот

Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека не постои директна опасност за потреси во Србија по разорните земјотреси во Турција, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени.
Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со српскиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.
Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија каде погинаа стотици луѓе, но и стотици згради се урнаа до темел.
Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да одат во канцелариите, а Србите и за денеска најавуваат мирен протест, пишува РТС.
Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуца, коментирајќи ја интервенцијата на КФОР на северот на Република Косово, изјави дека ризикот е поврзан со тоа што премиерот Аљбин Курти одлучил да продолжи со инаугурација на градоначалници во четири општини на север и покрај протестите на Србите и сомнежите на меѓународната заедница, пишува РТС.
Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ вели дека ситуацијата во Звечан, како и насекаде, е крајно нестабилна и може нагло да се промени за многу краток временски период.
„Тврдоглавоста на албанските локални власти да не постапуваат во согласност со укажувањата добиени од западните партнери, укажувања што служат за олеснување на дијалогот, особено во светло на напредокот постигнат со договорите во Брисел и Охрид, во голема мера го ослабна балансот што го имаше“, рече Ристуца.
Работници на општина Звечан утринава дошле пред зградата во 7 часот, каде што во книгата за евиденција на работното време се потпишале дека сè уште се присутни на своите работни места, пишува „Косово онлајн“.
Општинската зграда е опкружена со бодликава жица и кордон на КФОР.
Како што јавува репортерот на „Косово онлајн“, ноќта во Звечан поминала мирно, а таква е моментната состојба.
Покрај општинските работници, пред бодликавата жица и металната ограда поставена од војниците на КФОР полека се собираат и други граѓани, каде што денеска ќе го продолжат својот мирен протест барајќи исполнување на нивните барања.
Вести
Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четирипати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј Кличко и воените власти.
„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Дешњан. Две деца се меѓу загинатите во областа Деснијан“, објави градската воена управа на Киев на „Телеграм“.
‼️ Night missile attack on Kyiv: all enemy targets destroyed. Three people died, there are injuries and damage…
▫️In several regions in the east and center of Ukraine, an air alert was announced due to the threat of missile strikes. A series of explosions rang out in Kyiv.… pic.twitter.com/bhDacMhdhE
— Lew Anno Suport #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) June 1, 2023
Едно од убиените деца било на возраст меѓу 5 и 6 години, а другото на возраст од 12 или 13 години, се вели во соопштението. Фотографиите објавени од воените власти покажуваат дека спасувачките тимови им помагаат на луѓето, како и оштетените згради.
Бројот на жртвите го потврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Last night russia again fired missiles at Kyiv. All targets were shot down by the air defense. But the remnants fell on a hospital & a residential house in Kyiv’s most populated district Desnianskyi, killing three, incl a kid aged 11, & injuring ten. russia is a death cult pic.twitter.com/9HqLljN9kX
— Olena Halushka (@OlenaHalushka) June 1, 2023
„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, тројца се загинати, меѓу кои и две деца“, објави Кличко на „Телеграм“, кој подоцна изјави дека во градот се случила серија експлозии и дека спасувачите се на местото на настанот и помагаат да го изгаснат огнот.
Вести
Гром уби 26-годишен Британец додека пливал на Родос, Грција, неговата девојка го снимила

Британски турист загина откако го удри гром додека неговата девојка, од плажата, го снимала како плива со СУП даска во морето во Грција, јавуваат грчките медиуми.
26-годишниот маж трагично загина денес околу пладне близу брегот во областа Агиа Агати на Родос.
47-годишен локален фудбалер, Бразилец, Вандер Мачадо, се обидел да го спаси Британецот. Во изјава за грчкиот медиум „Родиаки“ тој истакна дека штом сфатил што се случило, го фрлил мобилниот телефон и скокнал во морето со облека на себе, пливајќи да стигне до Британецот.
„Штом му се приближив, видов дека е со лицето надолу во водата и лицето му беше црно. Веднаш знаев дека секоја секунда се брои и почнав да го влечам на земја. Се плашев дека и јас ќе настрадам од истото, бидејќи сè уште врнеше. Но, не застанав. Кога го извлеков почнав да му давам прва помош, да го масирам и се друго што знаев. Човекот сè уште беше жив, му го слушав срцето и имаше пулс“, изјави Мачадо.
Неговата преплашена девојка заедно со други посетители на плажата почнала да бара помош откако забележала дека има некаков проблем, а Мачадо се нашол во близина.
„Трагедијата почна да се одвива нешто по 1:30 попладне, среде невремето кое избувна. 26-годишниот млад човек беше во морето со СУП даска (за веслање). Потоа гром падна на мало растојание од местото каде што се наоѓаше и видовме дека е повреден, удрен од громот“, изјави Мачадо за „Родиаки“.
Спасувачите пристигнале набргу и ги извршиле сите процедури за реанимација за да го одржат во живот.
„За жал, малку подоцна дознав дека не успеал“, изјави Мачадо.
Британецот бил однесен во здравствениот центар Архангелос, каде службите за итна помош ја продолжиле битката на спасувачите да го одржат жив. Избезумено се обидувале да го реанимираат, но за жал не можел да се спаси.
Во моментот на трагичната несреќа, во областа во близина на грчкиот остров имало лоши временски услови и силни грмотевици.
За инцидентот е информирано Централното пристаниште на Родос, чии службеници ќе спроведат истрага за трагичниот инцидент.