Свет
Столтенберг: Сојузниците се согласни Украина да стане членка на НАТО
Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласни Украина да стане членка“, изјави Столтенберг пред новинарите во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
Тој најави и дека набргу планира да отпатува за Турција на разговори за членството на Шведска во алијансата.
„Зборував со претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно оваа недела, во блиска иднина ќе отпатувам и во Анкара за да продолжам да разговарам за да обезбедиме најбрз можен прием на Шведска“, рече генералниот секретар на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

