Свет
Талибанците до САД: Престанете со извлекувањето на образованите луѓе од Кабул, нема да се одмаздуваме, сакаме мир и стабилност
Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека нема да дозволат продолжување на рокот за евакуација на странски и домашни граѓани кој истекува на 31 август.
Тој рече дека луѓето на аеродромот треба да се вратат дома и оти нивната безбедност ќе биде гарантирана.
„Се обидуваме да помогнеме, но за жал Американците се’ уште ја продолжуваат својата претходна политика во овој поглед и ги носат Авганистанците од земјата во неизвесна иднина“, рече портпаролот.
Муџахид ги повикаа САД да не го охрабруваат авганистанскиот народ, особено лекарите, инженерите и образованата елита да го напуштат Авганистан.
Тој додаде дека авганистанските медиуми сега работат повторно, како и болниците, училиштата, универзитетите и локалната власт. Муџахид тврди дека милитантите немаат список на луѓе за кои планираат одмазда.
„Заборавивме, се’ e во минатото. Сакаме мир и стабилност во Авганистан и нашата земја да напредува“, рече тој, додавајќи дека на жените нема да им биде трајно забрането да одат на работа.
„Не им е дозволено да одат на работа во моментов поради сопствената безбедност, за да не бидат злоупотребени. Засега нека останат во своите домови“, рече тој.
Портпаролот, исто така, додаде дека Талибанците не сакаат затворање на странските амбасади, тврдејќи дека на дипломатите во Авганистан им биле дадени гаранции дека се безбедни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

