Контакт

Свет

Татко и син во притвор претепани до смрт, уапсени пет полицајци

Објавено пред

Во Индија се уапсени пет полицајци поради смртта на татко и син во полициски притвор, изјави висок истражен службеник, откако јавноста изрази гнев поради случајот, споредувајќи го со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Минатата недела Џ. Џајараџ (59) и Беникс Имануел (31) биле брутално претепани, што предизвикало ректално крвавење и на крајот смрт, се вели во писмото до владини службеници испратено од сопругата на Џајараџ, Џ. Селварани.

Би-би-си наведува дека уапсените полицајци се обвинети за убиство поради смртта на татко и син во сојузната индиска држава Тамил Наду.
Двајцата починале два дена откако биле ослободени од полицискиот притвор.

Тие биле уапсени затоа што, наводно, не ја затвориле продавницата откако истекло времето кога било дозволено продавниците да бидат отворени за време на пандемијата на коронавирусот.

Инцидентот предизвика протести, поради што локалниот суд започна истрага.

Судот објави дека има основи за покренување обвинение за убиство против полицајците.

Свет

Експлозијата во Бејрут остави 300.000 луѓе без покрив над главата

Објавено пред

Огромната експлозија во пристаништетто во Бејрут испрати шок-бранови низ градот, предизвикувајќи масовно оштетување на градбите дури до периферијата на градот. Гувернерот на на Бејрут, Марван Абуд, изјави дека најмалку 300.000 луѓе ги изгубиле своите домови и властите работат на обезбедување храна, вода и засолниште за нив, пренесува „Ал Џезира“.

Либанскиот претседател Мишел Аун во средата свика итен состанок на кабинетот и рече дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба по масовната експлозија во која загинаа најмалку 100 лица, а беа повредени 4.000 други.

Официјални лица изјавија дека очекуваат дека бројот на загинатите да е се зголеми, бидејќи екипите за вонредни состојби се уште копаат низ урнатините во потрага по преживеани.

Причината за експлозијата се уште не е позната, но властите ја поврзуваат со околу 2.700 тони  конфискуван амониум нитрат складиран во хангар во пристаништето.

Генералниот директор на пристаништето во Бејрут, Хасан Корајем, изјави дека во објектот бил складиран високо експлозивен материјал уште пред шест години, врз основа на судски налог, објави локалниот радиодифузер ОТВ.

Корајем посочи дека царинското одделение и државната безбедност побарале од надлежните органи да го извезат или отстранат материјалот, но дека ништо не се случило. Тој нагласи дека во близина немало складирани експлозиви.

Во меѓувреме, либанските власти решија да го користат пристаништето во Триполи како привремена замена за пристаништето во Бејрут, коешто е уништено од експлозијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Конгресменот Крис Марфи: Трамп го упропасти нашиот пуч во Венецуела

Објавено пред

Поплаките на Демократската партија од претседателот Доналд Трамп се многубројни, но сепак најновите можеби се најбизарни до сега. Еден сенатор тврди дека дрскиот карактер на Трамп упропастил совршен државен удар во американски стил во Венецуела, пренесува РТ.

Да се прашуваше сенаторот Крис Марфи, лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, сега ќе беше во претседателската палата во Каракас по успешното соборување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. И покрај поддршката што САД му ја дадоа на Гваидо минатата година, планираниот пуч на младиот политичар беше неуспешен, а Марфи го обвинува Трамп за таа загуба.

Бидејќи Комитетот за надворешни работи во Сенатот во вторникот расправал за дебаклот, Марфи го претставил списокот со жалби против главниот поттикнувач на пучот.

Прво, Трамп не успеа да ги убеди Русија, Куба и Кина да го напуштат Мадуро. Што се однесува до Русија, Марфи тврди дека претседателот е „свиткан“ околу прстот на Владимир Путин, а во однос на Кина, Марфи го критикувал Трамп зашто им дал приоритет на трговските прашања на САД пред интервенционистичките авантури во странство.

Она што следуваше, рече Марфи, беше „комедија од грешки“, од агитирање за неуспешно востание минатиот април без обезбедување воена поддршка за Гваидодо назначување отворен ентузијаст за промена на режимот, Елиот Абрамс, за амбасадор во Венецуела, до нејасни закани со војна од поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

Марфи е бесен што Америка под Трамп го загубила „природното право“ да контролира кој управува со Венецуела, посочува новинарот Глен Гринвалд.

Социјалистичкиот коментатор Том Војчик смета дека демократите под Бајден „агресивно ќе му дадат приоритет и покомпетентно ќе организираат уште еден државен удар во Венецуела“, во име на препишување на оставнината на Трамп.

Она што го илустрира серијата изјави од Марфи, коментира левичарскиот новинар Бен Нортон, е дека обидот за државен удар во Венецуела бил „двопартиски“.

„Барем овој прогресивен империјалистички демократ е искрен”, вели Нортон.

Неуспешниот обид на Трамп за промена на режимот во Венецуела го обележа повлекувањето од ветувањето на САД дека нема да се меша во странски конфликти и војни за промена на режимот.

Во Каракас на власт останува Мадуро, што ги фрустрира Марфи и пратениците од обете страни на политиката кои мислеа дека имаат златен билет со Гваидо минатата година. Самиот Гваидо, заедно со голем број опозициски политичари, ветија дека ќе ги бојкотираат парламентарните избори во Венецуела во декември, тврдејќи дека Мадуро ќе изврши изборна измама за да ја одржи својата партија на власт.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 58 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 58 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи порасна на 633. Меѓу нив 111 се на болничко лекување, од кои седум се на респиратор.

Во последните 24 часа нема починати пациенти од Ковид-19.

Како што јавија хрватските медиуми, повеќе од 2.300 луѓе се во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај во Хрватска, досега се регистрирани 5.376 случаи, од кои 154 починале, а 4.589 оздравеле.

До денеска се тестирани 124.383 лица, од кои 1.167 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија2 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ2 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет3 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија3 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет5 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет6 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија6 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет6 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија6 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет7 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија17 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет19 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија22 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ23 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија24 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија1 ден

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија1 ден

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија1 ден

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Досие