Свет
Терористите од ИД се закануваат дека ќе ги нападнат Чикаго и Лондон
„Дејли мирор“ цитираше неименуван поранешен британски разузнавач во изјавата дека Исламска држава може да ја искористи пандемијата на Ковид-19 со цел да изврши напад врз западните земји. Разузнавачот му посочил на весникот многу начини на кои вирусот создава повеќекратни закани што биле чувани настрана подолго време.
„Практично, условите на Блискиот Исток би можеле да се влошат во однос на тековната битка за уништување на Исламската држава. Голем дел од постигнатото може да биде поништено од паниката и пропаѓањето на безбедноста во регионот, овозможувајќи ѝ на ИД да се реформира и повторно да се подготви за напади на Запад“, тврди изворот.
Изјавите доаѓаат откако „Сан“ објави пропагандни плакати на ИД, обезбедени од надзорното тело Jihad and Terrorism Threat Monitor (JTTM), кои ги прикажуваат градот Чикаго и „Тауер бриџ“ во Лондон со текстот: „Удрете ги кога најмалку очекуваат“ и „Коронавирус – војник на Алах “.
По ова, ИД ја презеде одговорноста за ракетен напад врз церемониите за инаугурација на избраниот авганистански претседател и неговиот ривал во Кабул на почетокот на март.Кон крајот на минатата година, генералот сер Ник Картер, шеф на одбранбениот кабинет на Велика Британија, предупреди дека ИД сè уште не е целосно поразена.
„ИД и екстремистичките идеи што ги претставува апсолутно не се поразени – во суштина заканата од тероризам се прошири – како што, за жал, беше демонстрирано уште еднаш во нападот од минатиот петок на мостот во Лондон“, изјави Картер.
Тој зборуваше една недела откако најмалку две лица беа убиени и пет други повредени во терористичкиот напад на Лондон Бриџ извршен од 28-годишен маж со нож, Усман Кан, осуден во 2012 година за тероризам и ослободен во декември 2018 година. Даеш ја презеде одговорноста за нападот.Во октомври 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп ја објави смртта на лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, тврдејќи претходно истата година дека ИСИС е 100 отсто поразена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

