Контакт

Свет

Тешка сообраќајна несреќа во Турција, настрадаа 10 мигранти

Објавено пред

Десет мигранти загинаа во судир на комби, кое ја игнорирало наредбата на полициските службеници да застане.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со повреди завршиле 30 мигранти.

Властите наведоа дека до несреќата дошло во градот Мериџ, надалеку од копнената граница со Грција, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од зграда.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Камала Харис во прва изјава по повлекувањето на Бајден вели дека “ќе ја заработи и ќе ја освои“ демократската номинација

Објавено пред

Потпретседателката Камала Харис вети дека ќе ги “обедини” демократите откако Џо Бајден се повлече и ја одобри да биде стандарден носител на партијата против Доналд Трамп во ноември, објави „Дејли Мејл“.

dobivaj vesti na viber

Харис рече дека е “чест” да ја добие поддршката на Бајден и дека “ќе заработи и ќе ја освои” демократската претседателска номинација.

59-годишната Харис чекаше два часа откако Бајден се откажа за да ги даде своите први коментари во јавноста, оддавајќи му почит на нејзиниот шеф.

Таа ја нарече неговата одлука “несебична” и “патриотска” и пример за она што Бајден го направи во текот на својата петдецениска кариера во политиката – “Ставајќи го американскиот народ и нашата земја над се друго“.

Во соопштението Харис вели: “Чест ми е што го имам одобрувањето на претседателот и мојата намера е да заработам и да ја освојам оваа номинација”, рече таа.

“Во текот на изминатата година патував низ целата земја, зборувајќи со Американците за јасниот избор на овие избори. И тоа ќе продолжам да го правам во деновите и неделите што претстојат. Ќе направам се што е во моја моќ да ја обединам Демократската партија и да ја обединам нашата нација- да го поразам Доналд Трамп и неговата екстремна агенда Проект 2025.”

Бајден се откажа од претседателската трка и предизвика невиден  политички земјотрес толку блиску до изборите.

Завршувајќи ја својата кампања, најстариот американски претседател призна дека е во “најдобар интерес на земјата” тој да не бара реизбор за втор мандат.

Бајден (81) ја одобри својота потпретседателка Харис да го наследи како кандидат за демократ и да го порази Доналд Трамп во ноември, кој таа веднаш го прифати.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп за повлекувањето на Бајден: Камала Харис ќе биде полесна за пораз

Објавено пред

Во телефонски разговор со „Си-ен-ен“ неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави повлекувањето од претседателската трката, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како “далеку најлошиот претседател во историјата на нашата земја”.

dobivaj vesti na viber

Иако не е јасно кој ќе биде кандидатот на демократите, Трамп рече дека смета дека потпретседателката Камала Харис ќе биде полесна за пораз од Бајден.

Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден се повлече од трката за претседател на САД

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата „Х“ рече дека ќе остане во својата улога на претседател и врховен командант до крајот на неговиот мандат во јануари 2025 година и ќе и се обрати на нацијата оваа недела.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во најдобар интерес на мојата партија и земјата”, рече тој.

Соопштението доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање и по неколкунеделниот силен притисок од страна на Демократската партија по слабите резултати во дебатата против републиканецот Доналд Трамп на крајот од јуни и неодамнешното појавување пред новинарите на крајот од самитот на НАТО.

Во објавata на неговиот профил на социјалните мрежи, тој вели дека најголема чест во животот му било да служи како претседател.

„ Иако мојата намера беше да побарам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и мојата земја да се тргнам и да се посветам единствено на исполнувањето на должностите на претседателот до крајот на мојот мандат”, рече Бајден.

Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата, првата Афроамериканка која го направила тоа во историјата на земјата. Бајден отворено ја поддржа Камала Харис како кандидат за демократ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Камала Харис во прва изјава по повлекувањето на Бајден вели дека “ќе ја заработи и ќе ја освои“ демократската номинација

Потпретседателката Камала Харис вети дека ќе ги “обедини” демократите откако Џо Бајден се повлече и ја одобри да биде стандарден...

Македонија8 часа

(Видео) ЦУК објави видео од пустошот од пожарот над Криволак: Економската штета е ниска, еколошката е голема, вели Ангелов

Повеќе од 10 пожари остануваат активни и вечерва, но ниту едно населено место не е загрозено, извести директорот на Центарот...

Свет10 часа

Бајден се повлече од трката за претседател на САД

Американскиот претседател Џо Бајден се откажува од изборната трка. Бајден (81) во функцијата на платормата „Х“ рече дека ќе остане...

Македонија11 часа

Приведено лице од велешко поради предизвикување пожар, палел седишта од автомобил на депонија

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат...

Економија11 часа

Николоски договара нови нискобуџетни летови од следната година: Ќе разговараме со неколку светски компании

Иако е неработен ден, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека работел и договорил формирање работа група...

Економија12 часа

Левица: Отпуштени неколку директори на „Кромберг и Шуберт“, ги проневериле парите за бонуси на работниците

Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми, јави денес...

Топ13 часа

38-годишен скопјанец пронајден мртов во мотел во Чаир

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје синоќа во 21.40 часот добил пријава дека во мотел на подрачјето на Чаир бил...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра

Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка...

Култура16 часа

Директорката на „Охридско лето“ одликувана со орден „Витез на редот на ѕвезда на Италија“

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела,  ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со орден „Витез  на редот...

Свет16 часа

Руски МиГ-ови пресретнаа американски бомбардери над Баренцовото Море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбени авиони спречиле два американски стратешки бомбардери да ја преминат државната граница...

Македонија18 часа

На журка кај Бабуна, велешко, синоќа уапсени деветмина, полицијата им нашла дрога

Велешката полиција синоќа уапси девет лица од кои тројца малолетници оти на журка кај местото викано Бабуна, велешко, им нашла...

Топ20 часа

Ограбиле фирма во Долно Српци, полицијата ги фати и ги уапси сосе украденото на патот Битола-Прилеп

Битолската полиција вчера уапси двајца крадци на регионалниот пат Битола-Прилеп. Се сомничат дека дената украле повеќе предмети од фирма во...

Македонија20 часа

Армиски хеликоптер полета кон пожарот кај Македонски Брод, но се врати оти од премногу густ чад не може да дејствува, рече Ангелов

Од вкупно триесет пожари вчера, девет се уште се активни, а под контрола за да не се шират се ставени...

Македонија21 час

Серија земјотреси на Крит утрово, најсилниот со магнитуда од 5,3 степени

Серија земјотреси на Крит утрово регистрираат грчките сеизмолошки лаборатории. Најсилниот е со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер од четири...

Македонија22 часа

Не полевајте бавчи и не полнете базени, апелира скопски „Водовод“ по регистрирана енормна потрошувачка

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со...

Македонија2 дена

Без плата, без здравствено и со возило старо 38 години, вработените во Национални шуми 11 дена се борат со огнот на Серта (ФОТО+ВИДЕО)

Без здравствено осигурување, со плата која доцни и не им е исплатена од мај годинава, вработените во Национални Шуми на...

Македонија2 дена

(Видео) Илиевски: ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат случајот поклон од 325.000 евра за Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на...

Македонија2 дена

МНР ќе одлучува дали има оправдани причини антикорупционерите да добијат дипломатски пасоши

Веста дека претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, добила дипломатски пасош, а останатите членови исто така поднеле барање, оти многу патувале,...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од...

Топ2 дена

Приведен разбојник во Скопје, со употреба на сила од вработена во продажен објект одзел производи

Полицијата приведе 31-годишен скопјанец кој со употреба на сила одзел производи од продажен објект во Драчево, информира МВР. „На 19.07.2024...